УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2023/2024

Тешко е да се објасни промашувањето на Дарвин Нуњес

Ливерпул синоќа на „Енфилд“ без поголеми проблеми го совлада француски Тулуз со убедливи 5:1, а натпреварот го одбележа нереалното промашување на Дарвин Нуњес.

Уругвајскиот напаѓач беше поштено се избрука во 65. минута од натпреварот кога го промаши невозможното.

Тој го искористи одличното проигрување на Диогу Жота, по што во полн трк мајсторски го измами својот чувар и го заобиколи 18-годишниот голман Гијом Рестес. Остануваше само од само неколку метри да ја смести топката во празната мрежа, но...

Наместо да влезе в гол, топката ја погоди стативата, а за негова среќа во продолжението од нападот упорниот Рајан Гравенберх успеа да ја погоди мрежата на францускиот тим. Ситуација од која е потешко да се промаши отколку да се постигне гол, би рекол некој.

URL

Веднаш по промашувањето Нуњес падна на земја во неверување и воопшто не виде дека одбиената топка негов соиграч ја смести в гол.

После тоа, Нуњес го напушти играта со овации од „Енфилд“, а Уругваецот на тој начин пропушти да постигне втор гол бидејќи веќе постигна еден во 34. минута.

До крајот на натпреварот Мохамед Салах успеа да се запише во листата на стрелците, а пред него тоа го направија споменатите Гравенберх, Жота и Ватару Ендо.

Дарвин Нуњес пристигна во Ливерпул летото минатата година и долго време ја бара вистинската форма. Реализацијата продолжува да го мачи, а во досегашниот дел од сезоната има постигнато 5 гола на 12 натпревари во сите натпреварувања.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе