Tesla Model 3 има нов изглед по Porsche трансформацијата

Model 3 на Tesla годинава ќе биде освежен, но сопственикот на овој автомобил од Масачусетс го направи тоа на свој начин и го подобри изгледот на електричниот модел.

Сопственикот одлучил да ги искористи деловите на Porsche Cayman GT4 за трансформација на Model 3, а овој „неконвенционален брак“ изгледа подобро од очекуваното. Резултатот е автомобил што може да помине како фабричка верзија на Tesla Model 3 фокусирана на патеката. Браникот со големи доводи изгледа слично на оној што го користи Cayman GT3, додека рамната карактерна линија е исто така подобрување во однос на носот на стандардниот модел.

Меѓутоа, модификациите одат многу подалеку од тоа, бидејќи Model 3 доби и хауба од кованм карбон со вентилациски отвори како оние на GT4, додека новото лого на Tesla наликува на она на Porsche. Куќиштата на страничните ретровизори се чини дека се земени од пакетот М на BMW. Автомобилот е спуштен и покриен со златна фолија, а изгледот е дополнително подобрен со лесен комплет бандажи. Агресивниот бодикит вклучува истакнат заден спојлер, пар резервни LED задни светла и заден дифузор. Внатре има волан со ковани карбонски детали што одговараат на хаубата.

Покрај уникатниот бодикит, Tesla Model 3 Long Range за 2018 година има и подобри перформанси благодарение на канадската компанија Ingenext. Моќта на двата електромотора е зголемена така што Model 3 забрзува од 0 до 100 км/ч за нешто повеќе од 3 секунди. Автомобилот поминува 402 метра за 11,6 секунди, достигнувајќи брзина од 186,4 км/ч.

Тагови
реклама

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе