Cybertruck со години доцни на пазарот, но Tesla очигледно не се откажува од развојот.
Досега, и покрај големите ветувања, Tesla покажа многу малку, а оваа практика, се чини, продолжува. Tesla на својот Twitter профил објави видео од креш тестот на Cybertruck, но повторно не покажа многу. Видеото е долго 37 секунди, покажува неколку различни тестови, но во ниту еден од нив пикапот не стигнува до судир.
Кога се ќе се собере, може само да се заклучи дека Tesla е чекор поблиску до комерцијализација на моделот, како и дека најверојатно наскоро ќе ги објави резултатите од креш тестовите.
Време е, бидејќи Cybertruck беше најавен уште во 2019 година, а и покрај бројните најави и ветувања, до денес на патиштата се забележани повеќе верни копии отколку вистински примероци.
Точно, додека Tesla нè „почестува“ во Европа со специјално пиво GigaBier, а во Кина со полнач Cybervault, неодамна на патиштата во Америка се забележани неколку прототипови, со активен 4WS систем за вртење на задните тркала. Дури и Маск најави помал круг на вртење од Model Y, што со оглед на димензиите е извонреден дострел.
Најновите информации сугерираат дека ќе видиме сериски Cybertruck оваа година, додека производството треба да се зголеми во текот на следната година. Судејќи според одличниот успех на F-150 Lightning на Ford, пикапот на Tesla би можел да биде новиот бестселер, барем во Северна Америка.