Тетекс го потсети Касами што ветувал во предизборната кампања

Филип Здравески
/ 17.08.2023 / 18:42

Фудбалскиот клуб Тетекс експресно одговори на реакцијата објавена од Општина Тетово за случајот со забраната за користење на градските стадиони на овој клуб и на машката и женската екипа на Љуботен.

Од Општината се правдаа дека Градскиот стадион ќе може да се користи само за прволигашки натпревари, па Тетекс побара да приложат документ за таквата одлука. Воедно, Општина Тетово воопшто не го ни спомна стариот стадион каде исто така на Тетекс и Љуботен им е забранет влез.

На крајот популарните „Штофари“ го потсетија градоначалникот Биљал Касами на неговите зборови во предизборната кампања, кога ја бараше и поддршката на македонските гласачи и ветуваше еднаков третман на сите клубови од општината.

„До господата од Општина Тетово.

На кој стадион играше Шкендија како второлигаш?
На кој стадион играше Ренова како второлигаш?

Неколку натпревари на Градски одигра и Руфеја од Милетино како второлигаш. 

Скендербег од Порој и Чаклани од Палчиште играа на Градски во Купот на Македонија

Баражите за пополнување на 2.МФЛ се играа на Градски во Тетово (случајно или не, играа: Фортуна, Вардар Форино, Влазними Струга, Башкими Куманово и Влазрими Кичево).

Нема реакција за стариот стадион кој со променети брави и катанци е узурпиран. Од кого? - Знае општината? Знае МВР? Знае ОЈО Тетово? 

Нема реакција за теренот на АМС каде пионери и петлиња имаат предност пред прволигаши во женски фудбал и второлигаш во машки фудбал. Нерамноправна распределба на термините.

На кого Шкендија му плаќа за користење на Градскиот стадион? (можете да објавите доказ?)

На кого му плаќаше Ренова за користење на Градскиот стадион? (можете да објавите доказ?)

Кој и како одлучил дека стадионот смее да се користи само за 1.МФЛ, кога наведовме еден куп примери кога не било така? Дали советниците Македонци се консултирани и дали Советот донел таква одлука или Советот има донесено ценовник со ставки за која лига по колку ќе се наплаќа. Кого консултиравте за да донесете таква одлука, која воопшто не е донесена. Објавете го документот дека така сте одлучиле со печат и потпис на овластеното лице од Општината.
 
Нема да застанеме! Или сите ќе бидеме рамноправни, или никој! Ќе има протести!

Истовремено ќе започнеме и институционална борба: 
- Ќе се обратиме и до Народниот правобранител,
- Ќе се обратиме до Комисијата за антидискриминација,
- Ќе се обратиме до Комисијата за антикорупција да се испита кој какви одлуки носи за спортските објекти во Тетово (не само за Градскиот) и дали некој плаќа за нивно користење,
- Ќе се обратиме до Инспекторатот за локална самоуправа дали одлуките кои ги носите врз основа на национална и навивачка припадност се законски,
- Ќе се обратиме до сите институции, Претседател на државата, Премиерот, Претседателот на собранието, сите пратеници, министри, но и Амбасади и меѓународни институции.

Тетекс ќе игра на Градски, ќе победиме и во оваа битка!

Да ја потсетиме и јавноста што ветуваше во изборната кампања сегашниот градоначалник.

Следуваат и нови материјали и докази...
Тик, так“, стои во соопштението на Тетекс.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе