Тетекс: Општина Тетово не ни дава да играме на стадионот затоа што сме Македонци

Фудбалскиот клуб Тетекс објави соопштение во кое ја обвини Општина Тетово дека ним и на фудбалскиот клуб Љуботен не им се дозволува да ги користат градските стадиони во Тетово само затоа што се Македонци.

Извори за Кајгана велат дека на Тетекс и Љуботен (вториов има и женска екипа!) им е забрането да играат на двата тетовски стадиони дури и за пари. Двата стадиона се узурпирани од Шкендија со амин на Општина Тетово, иако за тоа не е потпишан никаков договор, односно аминот е устен. Воедно, од Шкендија си ставиле и катанци на влезовите од стадионите.

Новиот градоначаник на Тетово, Билал Касами, ја локалните избори ја доби и поддршката од македонските гласачи за да го победи ДУИ во битката за градоначалничката фотелја.

Од Тетекс соопштија дека доколку ситуацијата не се промени, ќе повикаат на протести.

Парадоксално е што двата многу постари клубови се избркани од стадионите, додека на најмалиот му е дозволено да ги користи. Љуботен е формиран далечната 1919 година, Тетекс е формиран 1953, додека Шкендија дури во 1979 година.

Инаку, на стариот Градски стадион досега тренираа младинските екипи на Тетекс и Шкендија, како и машката и женската сениорска на Љуботен.

„Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот Градски стадион, но и на новиот Градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Екслузивно право на користење на двата стадиона има само ФК Шкендија!

Се запрашуваме, дали во XXI век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?

Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања.
Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиона. Денеска, наместо да се работи на што погоема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот Градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза!

Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во поаздина?

Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен.

Во спротивно, ќе бидеме принудени  да повикаме на протести сѐ додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спортскиот дух кај младите“, вели соопштението на Тетекс.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more
 

Спорт

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе