НБА 2023/2024

Тежок пораз на Далас и Дончиќ, Леброн и Лејкерс изненадија во Кливленд

На НБА терените ноќеска се одиграа 6 натпревари, а Далас Маверикс и Лука Дончиќ претрпеа тежок пораз од Лос Анџелес Клиперс.

ЛА Клиперс на свој паркет славеше со 107:88 во последниот натпревар од денешната програма. На гостите не им беа доволни ниту 30-те поени на Лука Дончиќ, кој беше најефикасен на натпреварот.

Кајри Ирвинг додаде 26 поени, а Тим Хардавеј разочара со само 12 поени, 3 скока и ниту една асистенција за 25-те минути поминати на паркетот.

Кај домашните единствен кој постигна над 20 поени беше Пол Џорџ со 25 додавајќи и 9 скокови и 4 асистенции, додека потоа следуваа Теренс Мен со 17 поени, Норман Пауел со 15 и Расел Вестбрук со 14, а Хрватот Ивица Зубац запише дабл-дабл со 11 поени и 14 скокови.

Remote video URL

Изненадување приредија Лос Анџелес Лејкерс кои на гости го совладаа Кливленд Кавалирс со 121:115.

Ентони Дејвис постигна 32 поена и 13 скока за победничкиот тим, додека Леброн Џејмс додаде 22 со по 6 асистенции и скока.

Remote video URL

Изненадување беше и победата на Јута Џез над Њу Орлеанс Пеликанс со 105:100, додека Бруклин Нетс немаше проблеми на својот паркет против Мајами Хит (112:97).

Најефикасниот натпревар се одигра во Оклахома, каде Филаделфија 76ерс ја совлада домашната Оклахома Сити Тандер со 127:123.

Во овој драматичен дуел Жоел Ембиид доминираше со 35 поени, 11 скокови и 9 асистенции и се дојде на само една асистенција до трипл-дабл. Од друга страна, Чет Холмгрен и Шаи Гилџс-Александер искомбинираа 64 поени (33 и 31), но недоволно за да избегнат пораз.

Remote video URL

Резултати:

Оклахома Сити Тандер - Филаделфија 76ерс 123:127
Бруклин Нетс - Мајами Хит 112:97
Вашингтон Визардс - Атланта Хокс 108:136
Кливленд Кавалирс - Лос Анџелес Лејкерс 115:121
Јута Џез - Њу Орлеанс Пеликанс 105:100
Лос Анџелес Клиперс - Далас Маверикс 107:88

Табела:

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе