Тигар уби 9 лица во Индија: Убиен по потрага во која учествувале 200 полицајци

Индиската полиција убила тигар откако тој усмртил најмалку 9 лица во Чампаран, во сојузната држава Бихар.

Наречен „човекојадецот од Чампаран“, ѕверот бил убиен по лов во кој учествувале 200 полицајци и окружни службеници. Некои полицајци патролирале со слонови за да го најдат.

Мажјакот тигар ја тероризиралч заедницата околу „Валмики“ резерватот за тигри.

Акцијата ја предводела полицијата од Бихар, која го опколила полето со шеќерна трска во близина на селото Ситалтола Балува за да го убие тригодишниот тигар познат како Т-104.

Кумар Гупта, главен чувар на дивиот свет во регионот, изјави за Times of India дека тигарот бил идентификуван како „опасен по човечкиот живот“.

Директорот на резерватот за тигри „Валмики“, Несамани К, рече дека последната потрага по Т-104 започнала во саботата, веднаш по објавувањето на веста дека мајка и нејзиното дете биле убиени во напад на тигар.

„Тоа беше непроспиена ноќ за целото село“, изјави Палту Махато за Hindustan Times.

„Обидите да се смири животното беа неуспешни и тигарот покажа целосен недостаток на страв кога беше опкружен од тимовите“, додаде Гупта.

Инаку, Индија е дом на повеќе од 70% од дивите тигри во светот. Резерватите на тигри во Индија, заштитени подрачја каде што животните можат да живеат, не се проширија со иста брзина како и популацијата на тигри. Ова принуди некои големи мачки за да преживеат да се свртат кон пејзажите во кои доминираат луѓето, што доведе до убивање на добиток, а понекогаш и на луѓе.

Според владините податоци објавени во 2019 година, тигрите убиваат помеѓу 40 и 50 луѓе во Индија секоја година.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе