ФИФА СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2020

Тигрес се избори за американско полуфинале со Палмејрас

Мексиканскиот претставник ќе игра против Палмејрас откако со 2:1 го елиминираше шампионот на Азија во дешениот прв натпревар од Светското клупско првенство кое се одржува во Катар.

Клупскиот мундијал на ФИФА почна денеска со дуелот помеѓу шампионите на северноамериканската и азиската Лига на шампиони.

Јужнокорејскиот тим на Улсан Хјундаи прв поведе кога во  24. минута капитенот Ким Ки-Хи го отвори резултатот со гол со глава по нафрлување од корнер од страна на Јун Бит-Гарам.

Потоа Мексиканците направија комплетен пресврт, а главен инспиратор беше Фрнацузинот Андре-Пјер Жињак, кој веќе шеста сезона игра во Тигрес. Прво во 38. минута израмни на 1:1 откако одлично беше проигран со глава од дефанзивецот Диего Рејес, а во 4. минута од судиското надополнување реализираше удар од белата точка кој Тигрес го доби поради игра со рака.

Ким го постигнува првиот гол

Во вториот дел Кореанците не успеаја да го израмнат резултатот иако во 58. минута Јун Бит-Гарам постигна ефектен гол кој беше поништен поради офсајд.

Со оваа Тигрес се избори за дуел со шампионот на јужноамериканската Копа Либертадорес, тимот на бразилски Палмејрас кој во саботата се заќити со ова признание.

Денеска се игра и натпреварот помеѓу африканскиот шампион Ал Ахли од Египет и домашниот претставник Ал-Духаил кој почнува во 18:30 часот, а директен пренос ќе оди на МРТ 3. Победникот ќе игра против Баерн, шампионот на Европа.

Двете полуфиналиња се закажани за претстојниот викенд. Палмејрас - Тигрес се игра в сабота од 19 часот, додека второто полуфинале е в недела во истото време.

Клупскиот мундијал традиционално требаше да се игра во декември, но поради пандемијата и тој претрпе поместување.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе