Тик так - Ибра се враќа во Милан

Легендарниот шведски фудбалер по половина година се враќа во Милан, но не во улогата што претходно ја имаше.

Златан Ибрахимовиќ летоска стави крај на богатата кариера во која на Милан му ги донесе шампионските титули на Италија во две различни епохи. Сега се враќа во сосем нова улога, која италијанските медиуми сѐ уште целосно не ја дешифрирале.

Синоќа во Миланело беше одржан клучен состанок на раководството на клубот со Златан и беше договорена соработка за наредниот период. Угледниот новинар Николò Скира потврди дека Ибрахимовиќ се враќа во клубот кој отсекогаш најмногу го сакал.

URL

Иако неговата улога во тимот не е дефинирана во медиумите, она што Италијанците го открија е дека ќе има една од клучните улоги во спортскиот дел на тимот, и ќе соработува со тренерот Стефано Пиоли. Секој што го гледал Милан последниве години знае колку беше важна неговата улога во мотивирањето на тимот.

Дури и тренерот Пиоли веќе зборуваше за тоа дека Златан треба да се врати во Милан и дека се радува на таква соработка со него. Голманот Мајк Мењан порача дека нешто послабите резултати сезонава се бидејќи тимот го изгубил својот лидер во Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот утринава со објава на социјалните мрежи ги запали навивачите на Милан најавувајќи го неговото враќање меѓу „Росонерите“. Објави фотографија со која го одбројува времето на неговото враќање во клубот пишувајќи едноставно „тик так тик так“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе