Тонали откри зошто потпиша со Милан и покрај бројните понуди

Го најавуваат како новиот Пирло, а доаѓа од Бреша, од тим кој испадна. Го бараа и Интер и Јувентус и многу други, а тој заврши во Милан.

Сандро Тонали откри зошто не ја одбрал ниту финансиски најдобрата понуда, ниту пак играчки најперспективната. Некогаш срцето знае да одигра решавачка улога и во фудбалскиот свет.

„Скоро сите навиваат за Милан од местото од каде доаѓам, вклучувајќи го и татко ми кој таа страст ми ја пренесе и мене кога бев мал“, почна Тонали на денешната прес-конференција на која официјално беше претставен како нов играч на Милан. Тој е родум од Лоди, гратче со 45 илјади жители на околу 40 километри југоисточно од Милано.

„Одамна сакав да го облечам овој дрес. Не му го кажав тоа на Масимо Лелино (претседателот на Бреша), но тој многу брзо сфати што тоа значеше за мене. Ми рече дека ќе остави на мене јас да го направам изборот и си го задржа зборот“.

Тонали во мај наполни 20 години. Во Бреша е уште од 2012 година кога во академијата се приклучи од Пјаченца, додека детските фудбалски чекори ги направи во тимот на Ломбардија Уно.

„Кога сфатив дека постои шанса да му се приклучам на Милан, ги затворив вратите за сите други клубови. Морав да одам во Милан. Морав“, вели Сандро.

„Мојот менаџер најмногу преговараше со Интер, па затоа и ме исклучи од преговорите, за да не ми се оттргне вниманието. Штом разбрав за Милан, а тој знаеше дека навивам за нив, зборувавме и го оставив за заврши работа со нив“.

URL

Тонали уште како играч на Бреша лани дебитираше во репрезентацијата на Италија за која до сега собра 3 настапи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе