Топ-5 половни автомобили што може да ги купите во Германија за 5.000 евра

Цената на новите автомобили значително порасна во последните години, делумно поради развојот на технологијата во нив, а делумно поради инфлацијата и недостигот на делови во синџирите на снабдување ширум светот.

Затоа, многу луѓе се свртуваат кон половни автомобили, но ситуацијата на пазарот на половни автомобили не е многу подобра. Цените продолжуваат да растат, оставајќи многу нискобуџетни купувачи со тесен избор.

Feniks Magazin издвои пет автомобили за возачи почетници кои можат да се купат на германскиот пазар за 5.000 евра. AutoScout24 ги одреди моменталните просечни цени за нив за различни модели.

Купување половен автомобил - на што треба да обрнете внимание?

Peugeot 207

Според бројот на прегледи на AutoScout24, Peugeot 207 е најпопуларниот половен автомобил во овој сегмент (субкомпактни автомобили).

Наследникот на 206 е исто така одличен автомобил за оние кои штотуку почнуваат да возат. Причината за ова е солидна технологија, добро ниво на безбедност (своевремено пет ѕвезди на тестот Euro NCAP) и многу кабински простор.

Најчести се дефектите на сопирачките, а може да се случи и моторот да „троши“ масло.

Палетата на мотори е голема и се протега од 73 КС до 174 КС за бензински мотори и од 68 КС до 112 КС за дизели. За просечна цена од 4.924 евра ќе добиете копија со околу 125.000 км, стара околу 13 години.

Mercedes A-Class

Поновите Mercedes модели тешко може да се најдат за возачи почетници, но старата А-класа сè уште е на листата. Ова се должи на високиот квалитет, значителниот простор и надворешни димензии кои го олеснуваат маневрирањето.

Всушност, A-Class отсекогаш имала позитивни оценки со TUV, така што големата километража со добро одржување не е пречка за купување.

AutoScout24 препорачува бензински мотори за луѓе кои ќе возат претежно кратки растојанија, додека дизел моторите се препорачуваат за подолги патувања.

За просечна цена од 4.679 евра добивате А150 кој има просечни 132.000 км на бројачот и е стар 15-16 години.

Volvo V50

Ако барате малку повеќе простор, V50 е одличен кандидат. Шведскиот производител е познат по својата цврста конструкција, високо ниво на безбедност и атрактивен дизајн.

V50 беше караван верзија на S40 која се произведуваше од 2004 до 2012 година.

Моторите стартуваа со 100 КС. Во изборот на дизел погон се работи за 1,6-литарски агрегат со 109 КС, додека бензинскиот мотор има 1,6-литарски мотор со 100 КС.

Опциите вклучуваат 2,0-литарски дизел со 136 КС и 2,0-литарски бензинец со 145 КС. Автомобилот на TUV тестот има највисоки оценки во речиси секој сегмент од тестот.

За просечна цена од 4.969 евра добивате V50 кој поминал во просек 213.000 км и е стар помеѓу 14 и 15 години.

Купувате половен автомобил? Ова се знаците дека возилото било удрено

Opel Agila

Agila обично има релативно мала километража како користен автомобил, а добро одржуваните примероци држат цена. Лесен е и агилен и нуди доволно простор за сместување до четири лица.

Најзастапени се 1,2-литарски бензински мотори со четири цилиндри, моќност до 86 КС. Моделите по редизајнот во 2010 година имаат 94 КС.

Ако перформансите не ви се фактор, опција е и 1.0-литарскиот трицилиндарец со 65 КС. Имаше и дизел, но ретко ќе го најдете.

По долгогодишно возење се пријавуваат проблеми со суспензијата и пружините, а се спомнува и потрошувачката на моторното масло.

За просечна цена од 4.116 евра во Германија, можете да добиете Agila со поминати 105.000 километри во просек, и просечна старост од 15 години.

Audi A2

Малку постар модел, но ако барате нешто што навистина малку троши, тука е 1.2 TDI со 61 КС и три цилиндри. Во понудата е и 1,4-литарски дизел, кој беше достапен во верзии со 75 и 90 КС.

Остатокот од понудата вклучува два бензински мотори (1,4 и 1,6) од 75 КС и 110 КС.

Обрнете најмногу внимание на сопирачките и суспензијата. Освен тоа, квалитетот на изработката е солиден.

Најстарите примероци на малиот автомобил се произведени меѓу 1999 и 2005 година. За просечна цена од 4.907 евра добивате А2 со просечни 185.000 поминати километри, што е, сепак, околу 20 години.

Кој автомобил би бил вашиот избор? Дали имате да додадете некој модел во оваа категорија?

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе