Тоскански батаци во сос од спанаќ, лук и пармезан

За ручек ви предлагаме да направите батаци на тоскански начин, неверојатно сочно месо во ароматичен сос.

Италијанците се вистински уметници кога станува збор за правење храна. Совршено комбинираат различни намирници, а едно од најпознатите јадења им е тосканското пилешко. Ви пренесуваме уште еден рецепт за ова јадење од Тоскана, а ви препорачуваме да го направите со батаци. Тие се многу посочни од белото месо, а крчкањето во ароматичен сос само им дава посебен вкус. Можете да ги послужите со компири или салата.

Потребни состојки:

  • 2 батака (без кожа и коски)
  • малку брашно
  • 1 лажица путер
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 1 лажичка мелена пипер
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица доматна паста
  • 1 лажица сенф
  • 250 мл зеленчуков булјон
  • 1-2 лажици сушени домати
  • спанаќ
  • 1 лимон
  • 100 мл павлака за готвење
  • малку свеж босилек
  • пармезан
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Ако не сте купиле исчистени батаци, тогаш тргнете ја кожата и отстранете ги коските. Зачинете со сол и бибер од двете страни, па посипете со брашно. Добро втријте го во месото.

Во тава загрејте малку маслиново масло и растопете го путерот. Потоа додадете ги батаците и пржете од двете страни додека не бидат готови. Извадете ги батаците од тавата.

Во тавата додадете оригано и мајчина душица (ако немате свежа, можете да користите и сушена). Потоа додадете мелена пипер, толчено лукче, доматна паста и сенф. Сè добро измешајте. Истурете го булјонот (коцката за супа измешајте ја со топла вода) и кога ќе почне да врие, вратете го месото.

Потоа во тавата додадете ги сечканите сушени домати, кора од лимон, павлака за готвење и измешајте. Се динста околу 10 минути, па се додава спанаќот и се промешува. Околу 5 минути пред крајот додадете рендан пармезан и свежи листови босилек.

Remote video URL
реклама

Рецепти

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе