Третина од заболените без никакви симптоми

Третина од 89-те новозаболени од COVID-19 кои беа евидентирани вчера се на возраст меѓу 30 и 39 години. Повеќето од нив се жени, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на заболени во земјава, најголем процент се над 60 години, а највисока инциденца е регистрирана кај оние на возраст од 50 до 59 години, односно вкупно 470 болни се евидентирани во оваа група. Најмал процент на заболени има кај децата и младите до 19 години.

Она што е интересно е дека една третина од лицата кај кои е потврден вирусот, немаат никакви симптоми односно се асимптоматиски случаи.

Ова го потврди и министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција на која информираше дека голем е бројот на асимптоматски носители на вирусот и поради тоа апелираше задолжително да се носи заштитна маска.

– Огромен е делот на асимптоматски носители, точниот процент би бил шпекулација и тоа го видовме и од овие изминати неколку денови кога ги тестираме и анализираме контактите на претходно дијагностицираните. Огромен дел од тие граѓани, практично сега пациенти – носители на вирусот апсолутно немаат симптоми. Сметам дека е добра одлуката задолжително да носат маски апсолутно сите, заради тоа што не можеме да знаеме во овој момент, и веројатно ќе помине подолго време додека со сериозни анализи и студии не видиме кој од тој процент на граѓани кои се носители на вирусот, а немаат никакви симптоми, рече вчера Филипче.

Најголем процент од позитивните случаи односно 65,3 проценти имале зголемена температура, 52,6 проценти кашлале, 39,7 имале малаксаност, 18.9 проценти треска, главоболка 15,4, отежнато дишење 14,7 и болка во грлото 14,3.

Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека од вкупно заболените, 75,2 проценти имале контакт со лице позитивно на вирусот.

Третина од потврдените случаи имаат некоја хронична болест, најчесто кардиоваскуларна и белодробна болест.  Од хоспитализираните случаи кај 54,3 отсто се присутни коморбитети. Најмногу смртни случаи се регистрирани кај лицата на возраст над 60 години, а од нив 96 се мажи и 44 се жени.

Во земјава досега се направени вкупно 30.302 теста, а детектирани се 2.315 позитивни лица. Активни се 606 лица, 569 се оздравени, а починале 140 лица.

Скопје со најмногу активни случаи на COVID-19, најголем дел се во Чаир и Сарај

Најмногу активни случаи на болни од COVID-19 има во Скопје, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во земјава моментално има вкупно 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес.

Од општините во Скопје и скопско најмногу активни случаи се евидентирани во Чаир, Сарај и Бутел. Во Чаир има 73 случаи, во Сарај 44, во Бутел 37, а по триесетина случаи или поточно 33 има и во Аеродром и 31 случај во Гази Баба.

Во Студеничани и Карпош, според последните податоци на ИЈЗ, регистрирани се 13 активни случаи, во Кисела Вода 11, во Илинден, Шуто Оризари и Ѓорче Петров 9, во Центар 8, во Петровец 4 и во Арачиново и Сопиште по два активни случаи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе