Три зборови кои мажите мразат да ги слушнат од жените

Веројатно сте забележале дека мажите и жените различно комуницираат. Но, родовата поделба во комуникацијата е интересна за истражување, особено кога станува збор за љубовните односи.

Резултати од студија покажаа дека 89% од мажите го претпоставуваат најлошото кога нивната партнерка ќе им каже дека треба да разговараат, додека само 61% од жените ја имаат истата реакција на оваа реченица.

Оваа реченица може да имплицира многу повеќе отколку што изгледа. Во книгата „Act Like a Lady, Think Like a Man“ авторот Стив Харви објаснува зошто се чини дека мажите ги мразат овие зборови.

„За еден маж има малку зборови кои звучат толку заканувачки како овие три. Тој израз може да значи само две работи за мажите: или сме направиле нешто погрешно или, уште полошо, жената навистина само сака да разговара“.

Харви во основа истакнува дека мажите повеќе сакаат да „поправаат“ работи отколку да „зборуваат“ за нив.

 „Ова не значи дека никогаш нема да водите разговор со вашиот маж кој ќе трае подолго од две минути. Разбираме дека понекогаш ќе треба да дадеме малку повеќе во однос на комуникацијата со нашите партнери, дека одвреме-навреме треба да се отвориме и да откриеме што се случува во нашите глави“, вели тој.

„Се разбира, би било многу подобро жените да престанат да започнуваат разговор со реченицата 'треба да разговараме'. Во моментот кога ќе го кажеш тоа, човекот оди во дефанзива, се препотува, а брзо ни летнуваат пред очи настаните од изминатата недела, обидувајќи се да откриеме во што згрешивме, кога сме го направиле тоа и како ќе го поправиме за да не бидеме повторно во неволја“.

Тој нуди решение за користење на друга фраза за да започне разговорот, како на пример: „Душо, види, сè е во ред, само сакам да разговараме за нешто“.

Значи, што може да се заклучи од сето ова? Обидете се да најдете нов начин да започнете разговор.

Интересно е што жените се поагресивни кога станува збор за решавање на проблемите во врската. Повеќе од половина од испитаниците (54 проценти) сакаат директно да се соочат со проблемот и веднаш да разговараат за него. Во меѓувреме, 44 отсто од мажите сакаат да го избегнат, пишува Your Tango.

Сепак, пред да ги осудиме мажите дека не сакаат да се занимаваат со проблеми, треба да се спомене дека 40 % од мажите признаваат дека губат контрола над емоциите за време на напорен разговор, па може да се каже дека мажите од тоа сакаат да ги поштедат своите партнерки кога не сакаат да разговараат.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе