Тројца мртви во бизарен инцидент - авион падна врз автомобил во движење

Три лица се мртви, меѓу кои и едно дете, а една жена е повредена откако авион се урна врз автомобил во движење во населеното место Пембрук Пајнс во Флорида, во близина на аеродромот Норт Пери.

Полицијата и спасувачката екипа во Пембрук Пајнс одговорија на местото на инцидентот околу 15 часот по локално време.

Во моментот на инцидентот, во авионот Beechcraft Bonanza се наоѓале две лица кои биле прогласени за мртви на лице место.

Истражителите на Федералната администрација за авијација соопштија дека авионот бил принуден да се сврти назад кон аеродромот Норт Пери, кратко по полетувањето. Авионот удрил во автомбилот на неколку стотици метри пред пистата, откако се заплеткал во далекувод.

Жената и детето кои биле во СУВ возилото биле пренесени во регионалната болница со трауматски повреди. Шефот на Противпожарната служба Марсел Родригез потврди дека момчето починало од повредите во понеделникот доцна вечерта.

URL

Од објавените снимки се гледа дека жената била свесна и будна додека била сместена во задниот дел на возилото на Брзата помош. Детето било заглавено во автомобилот и пожарникарите морале да го ослободат.

„Никогаш не сум видел вакво нешто во животот“, рече Сала Елшаер, кој веднаш побарал помош од итните служби, откако се случил инцидентот.

„Автомобилот буквално изгледа како да е пресечен на половина. Размислував за семејството на пилотот. Тоа е толку тажно, и ги видов луѓето таму. Беа повредени, шокантно е.“

Една жена рече дека пристигнала дома неколку минути пред да падне авионот. Таа додаде дека нејзините деца биле во предниот двор кога се случил инцидентот, но тие се добро и не се повредени.

„Слушнавме нешто како бомба, како огромна бучава и излеговме надвор и сè беше во пламен“, рече Анабел Фернандез. „Сè беше лошо, и знаете, удрил во автомобил. Авионот можеше да нè убие сите, во шок сме“.

Моментот на ударот бил снимен од домашна безбедносна камера за надзор поставена во близина на нејзиниот дом.

*Внимание! Содржината на видеоснимката може да Ве вознемири!

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе