УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Тухел незадоволен од ремито во Мадрид: Мора да се помириме со тоа

Предводникот на лондонските „Сини“ не е задоволен иако неговиот тим се врати со позитивен резултат од гостувањето кај Реал Мадрид.

Челси синоќа доминираше во првите дваесетина минути кога постигна еден гол преку Кристијан Пулишиќ, но пропушти и неколку шанси за поубедливо водство.

Реал Мадрид потоа израмни, а со резултатот од 1:1 заврши овој прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

„Натпреварот го почнавме многу, многу добро, со висока доза на храброст и квалитет. Заслуживме да го добиеме првото полувреме, имавме шанси. За несреќа, тие постигнаа гол по слободен удар, а немаа никаква друга шанса бидејќи не им ни дозволивме“, вели Тухел говорејчи за BT Sport.

Најдобрата шанса ја промаши Тимо Вернер кој од неколку метри пред голот нмаесто да погоди во мрежата погоди во голманот Тибо Куртоа. Тоа се случи уште во првите десетина минути кога резултатот сѐ уште беше 0:0.

„Тоа беше разочарувачки резултат на полувреме. Моравме да останеме смирени за да не загубиме на самодоверба. Вториот дел беше тактички, можеше да се почувствува дека бевме малку уморни. Имавме само неколку дена да се опоравиме од друго тешко гостување. сега мора да се помириме со овие 1:1“.

„Голот кој го постигнавме и тоа како го заслуживме, а требаше да дадеме најмалку уште еден. Примивме гол помалку или повеќе од ништо, но тоа секогаш може да се случи кога се има противник со квалитетни индивидуалци“, заврши германскиот стратег.

Реваншот во Лондон се игра наредната среда.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе