УЕФА го откачи Panini по лошиот ЕУРО 2020 албум, сега Мурињо ќе ги бира сликичките

Филип Здравески
/ 09.04.2022 / 10:31

Познатиот производител на сликички нема повеќе да ги изработува препознатливите албуми за било која категорија натпреварување на УЕФА - тоа во иднина ќе го прави американски Topps.

Откако колекционерите од целиот свет беа видно разочарани од крајно лошиот албум кој Panini го изработи за Европското првенство 2020, стигна и казната од УЕФА. Италијанскиот производител нема повеќе да биде ексклузивен партнер на Европската куќа на фудбалот, а таа чест сега ќе ја има американскиот Topps.

Topps потпиша договор со УЕФА за производство на албумите за ЕУРО 2024 и 2028, потоа женското ЕУРО 2025, како и финалето на Лигата на нации 2028.

Американската компанија веќе некое време е партнер на УЕФА за клупскиот фудбал правејќи ги албумите за Лигата на шампионите и други клупски натпреварувања, а сега ја доби довербата и за репрезентациите.

„Европското првенство е најголемиот и најпрестижен турнир на репрезентативно ниво во Европа. УЕФА има историја кога станува збор за сликички, картички и меморабилија. Ова партнерство е голем чекор, а ќе има уште низ нашиот пат кон ЕУРО 2024 и после тоа“, вели Марк Катлин, главен менаџер во Topps.

Дел од договорот меѓу Topps и УЕФА вели дека Жозе Мурињо ќе работи како амбасадор и ќе учествува во селекцијата на играчите кои треба да се најдат во албумот. Како што е познато, во албумите нема место за сите 23 играчи од една репрезентација, па мора да се направи избор кои да добијат сликичка, а кои да отпаднат.

Remote video URL

Panini беше партнер на УЕФА од 1977 година и ЕУРО 1980, но последниот нивен албум го допре дното и заслужено компанијата од Модена го загуби европскиот репрезентативен пазар. Порано албумите на Panini беа вистински енциклопедии со секакви корисни податоци и статистика, додека албумот ЕУРО 2020 немаше буквално ништо корисно, и напротив, само зголемен број на непотребни сликички. Најлошиот албум во историјата на Panini немаше ниту најосновни податоци како клубовите каде играат играчите, местото и датумот на раѓање, резултатите низ квалификациите на земјите учеснички, место за запишување резултати од првенството, ја немаше ниту препознатливата географска карта со стадиони, капак беше тоа што во некои држави постоеше тимска сликичка, а во некои не (како кај нас). Бонус глупост беше и тоа што Panini дозволи македонските фудбалери на сликичките да бидат сликани по маици.

ЕУРО 2024 ќе се одржи во Германија со 24 репрезентации, а квалификациите ќе почнат наредната година. Се надеваме Македонија повторно ќе учествува и нов убав и корисен албум.

Засега Panini останува партнер на ФИФА и ќе ги издаде албумите за Мундијалите 2022 и 2026.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе