КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

УЕФА им одговори на Португалците за непризнаениот гол во Белград

Португалија испрати жалба до УЕФА за редовно постигнатиот, но непризнаен гол на Кристијано Роналдо против Србија (2:2) во судиското надополнување на натпреварот од квалификациите за СП.

Португалската фудбалската федерација поднесе три барања во жалбата до УЕФА. Првите две се потребата да се користи ВАР и да се сигнализира дека топката ја преминала гол-линијата во квалификациите за СП, бидејќи нема видеотехнологија во тоа натпреварување. Португалците се свесни дека резултатот од натпреварот не може да се менува, но посочуваат дека го бараат ова за да не се повторат толку големи грешки. Третото барање е суспензија на судијата Дани Макели кој го водеше натпреварот.

УЕФА: Баравме ВАР zа квалификациите, ама се откажавме поради короната

Уште истиот ден, европскиот шампион доби одговор од Европската фудбалска унија. УЕФА наведува дека имала намера да воведе ВАР за квалификациите за СП, но дека напорите биле прекинати поради комплицираната ситуација предизвикана од корона пандемијата.

„Уште во 2019 година, ѝ предложивме на ФИФА користење на ВАР технологија во тековните квалификации за Светското првенство. Сепак, влијанието на пандемијата врз оперативните и логистичките можности ја натера УЕФА да ја одложи употребата на ВАР технологијата во групната фаза во Лига Европа за сезоната 2021/2022 наместо оваа сезона, како и да се повлече предлогот за употреба на ВАР во европските квалификации за СП 2022 година“.

Судиите не видоа дека е гол

За потсетување, во третата минута од судиското надополнување, Кристијано Роналдо го совлада Марко Домитровиќ, голманот на Србија, кој истрча од голот и топката се истркала во празниот гол. Топката очигледно помина со целиот обем преку гол-линијата, кога Стефан Митровиќ со лизгачки старт ја спречи да оди понатаму и да ја затресе мрежата, па главниот судија Макели и помошниот Марио Дикс не видоа дека Португалија навистина постигна гол.

Роналдо збесна

Роналдо веќе почна да го слави голот, но збесна кога виде дека судиите не го признаа. Не можеше да има ВАР проверка бидејќи ни технологијата, ни ваквиот судиски асистент не се користат во квалификациите за СП.

Капитенот на Португалија мавташе со рацете во неверување, им викаше на судиите, ја тргна капитенската лента и ја фрли на теренот, па демонстративно го напушти теренот и се упати кон тунелот на Маракана, иако натпреварот сè уште траеше.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе