Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле поднесоа заедничка кандидатура за Мундијалот 2030

Прославата на стогодипнината од Светското првенство на ФИФА, ако сè оди по планот, ќе се одржи онаму каде што и започна - на југот од Јужна Америка.

Во далечната 1930 година Уругвај ја доби честа да го организира првиот историски Мундијал, креација на Жил Риме. Сега, 100 години после овој историски настан, јужноамериканските нации имаат сериозна намера големиот јубилеј да биде прославен онаму каде што и започна.

Иако повеќе од две децении трае иницијативата Мундијалот 2030 да се одржи во Уругвај, сега веќе доби и официјализација. КОНМЕБОЛ, јужноамериканскиот пандан на УЕФА, потврди дека кандидатурата на Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле е одобрена и поднесена во ФИФА.

Синоќа, на 2 август во уругвајската престолнина Монтевидео престојуваше Алехандро Домингес, претседателот на КОНМЕБОЛ, каде заедно со претседателите на фудбалските федерации на четирите земји домаќини свечено ја објави кандидатурата.

„Мораме да го почитуваме споменот на оние кои веруваа во големи работи и ризикуваа организирајќи Светско првенство за прв пат на овој континент. Оваа кандидатура ме прави многу горд, бидејќи нè учи да играме како тим, а тоа многу добро го разбраа три земји кои му се приклучија на Уругвај, кој е симболична нација за да биде лулка на она што денес го знаеме како најголемата фиеста во фудбалот“, изјави Домингес во обраќање на легендарниот стадион „Сентенарио“.

URL

„Ова не е владин проект, ова е сон на целиот наш континент. Се наоѓаме на култното место од каде сè започна. Ќе има уште многу светски првенства, но 100-годишнината ќе се слави само еднаш“, изјави Домингес во обраќање на легендарниот стадион „Сентенарио“.

Remote video URL

Токму на истиот овој „Сентенарио“ се играа најголем дел од натпреварите на тој антологиски Мундијал во далечната 1930 година, а се заврши со незаборавното финале во кое Уругвај со 4:2 ја победи Аргентина и стана првиот светски шампион. Уругвај никогаш повторно не беше домаќин на Мундијал, а Јужна Америка потоа организираше во Бразил (1950 и 2014), Чиле (1962) и Аргентина (1978), а требаше домаќин да биде и Колумбија во 1986, но ја откажа организацијата.

„На 100-годишнината Мундијалот мора да се врати во првобитниот дом, Јужна Америка“, додаде претседателот на КОНМЕБОЛ.

Уругвај денес нема капацитет сам да организира Мундијал. Не само условите, туку денес, 100 години подоцна, сѐ е поинаку од таа 1930 кога само 13 репрезентации учествуваа на првиот Мундијал, од кои само 4 европски (Југославија, Франција, Белгија и Романија). Аргентина како финалист на првиот Мундијал уште од стартот на самата идеја беше вклучена во коорганизацијата, а подоцна им се придружија и соседните Чиле и Парагвај, исто така едни од учесниците во 1930. Пред две години и Боливија, исто така една од историските учеснички во 1930, побара да биде вклучена во организацијата, но беше одбиена.

Засега планот е Мундијалот 2030 да се игра на 14 стадиони, а доколку ФИФА продолжи со она што го најави за Мундијалот 2026, тогаш и во 203о ќе учествуваат 48 репрезентации. Допрва треба да се одредат стадионите и градовите домачини, но едно е сигурно: ќе се игра во Монтевидео, Буенос Аирес, Сантјаго и Асунсион.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе