Утре вратите ги отвора библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје

Од 1 септември читалните во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во главниот град ќе работат од 8 до 19 часот, од понеделник до петок. За работа на читалните ќе важи посебен протокол, за да се овозможи заштита на корисниците и на вработените од ширењето на коронавирусот.

Како подготовка пред отворањето на читалните во целиот објект ќе бидат отстранети сите места за седење кои се надвор од читалните. На јасно видливи места ќе бидат истакнати информации според кои е забрането присуство во другите простории на објектот каде што се наоѓа читалната (хол, аула, простории за одмор). Предмети (чанти, ранци) не смеат да се оставаат на подот; вратите и прозорците не смеат да се затворат; храна и пијалаци не смеат да се оставаат на масите; означени насоки за движење во објектот каде што се наоѓа читалната; задолжително носење маска за лице во просториите на читалната; масите и столчињата се наоѓаат на растојание од најмалку 1,5 до 2 метра и е ограничен бројот на посетители во читалните (во читалната 1 на прв кат има 30 седишта, а во читалната 2 на втор кат има 25); вратите и прозорците се оставаат отворени, истите се фиксираат; пред влезот се остава сунѓер со средство за дезинфекција на обувките; пред влезот на читалната се поставува средство за дезинфекција на рацете; секое место за седење се нумерира; автоматите за самопослужување на пијалаци и храна не се во функција.

За влез и излез од објектот важат следните протоколи:
- пред секое влегување се дезинфицираат рацете;
- лицето задолжено за прием на студентите и распределување на местата во читалната задолжително носи ракавици, маска и очила/визир за заштита;
- пред влегувањето во читалната, се мери телесната температура на корисникот;
- на пријавница се покажува членска карта и се добива соодветно место за седење;
- се евидентираат времето, име, презиме и податоци за контакт;
- странката одговара на прашања дали бил/а во контакт со лице заразено со SarsCoV-2 и дали има забележливи симптоми;
- напуштање на местото за седење се најавува на пријавница.

За одржување на хигиената во објектот, санитарните простории ќе се дезинфицираат на секои 2 часа, а по напуштање на местото за седење тоа ќе се дезинфицира и ќе се распределува по изминати 10 минути.

Централните вентилациски системи, вентилатори, клима уреди и слично не се ставаат во употреба. Ќе се внимава на редот, мирот и одржувањето дистанца надвор од објектот. Работното време ќе биде според претходно утврдено, од 8 до 19 часот од понеделник до петок, додека сабота и недела читалните нема да работат. списокот со претходно запишани лица коишто ја посетиле читалната и нивните информации за контакт ќе се чува две недели.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе