В недела по 18. пат ќе се трча Скопскиот маратон, пријавени над 8.000 учесници

Со импозантна бројка од 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави, в недела ќе се одржи 18-тото издание на WizzAir Скопски маратон, објавија денеска организаторите, апелирајќи до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците.

Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и оваа година се организира со поддршка со локалните власти, бројни спортски клубови и асоцијации, под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската Унија. 

– Од првото издание во 2007 година кога стартувавме како полумаратонска трка со 770 учесници бројот на пријавени натпреварувачи секоја година расте и тоа ми претставува особено задоволство, изјави на денешната прес-конференција Гордана Кузмановска Николовска од Сојузот на спортови на Град Скопје. 

– Морам да бидам искрена и да кажам дека бројката од 8.500 пријавени натпреварувачи за оваа година не ја очекувавме, Мислевме дека ќе дојдеме до бројката од 7.000, и поради тоа сум особено горда, посочи Кузмановска Николовска, додавајќи дека на Скопскиот маратон, и годинава покрај голем број аматерски тркачи, ќе настапат и елитни маратонци од земјата и странство. 

Директорот на Скопскиот маратон, Кире Синадиновски, посочи дека по пауза од две години поради пандемијата на COVID-19, стартот и целта се враќаат на старата локација во центарот на Скопје. 

Стартот на маратонот, полумаратонот, штафетната маратонска трка, како и трката на 5 километри ќе биде во 8 часот в недела од пред македонското Собрание, а целта на сите трки повторно ќе биде на Плоштадот „Македонија“. 

Скопскиот маратон годинава ќе има измената рута која ќе се движи од центарот на Скопје, до населбата Хром, по што рутата се враќа назад до центарот на градот преку булеварите „Трета македонска бригада“, „Србија“ и „Јане Сандански“. 

– Сакам да ги повикам сите граѓани на Скопје в недела да дојдат на стартот на Скопскиот маратон или да излезат на градските улици и да ги бодрат учесниците, бидејќи тоа е многу важно за нив, истакна Синадиновски, најавувајќи дека се предвидени награди за најдобар транспарент и најдобра фотографија од WizzAir Скопскиот маратон. 

Годинашното издание на маратонската трка е со финанисиска поддршка од Град Скопје, а градоначалничката Данела Арсовска истакна дека станува збор за манифестација од поширок интерес. 

– Големо е задоволството што градот Скопје веќе 18 години по ред е домаќин на оваа маратонска трка. Годинава се враќа сјајот на Скопскиот маратон, кој има пошироко значење, не само како спортска, туку и манифестација која работи на зближување на луѓето и промоција на Македонија и Скопје како туристичка дестинација, изјави Арсовска. 

Годинашното издание на Скопскиот маратон ќе биде посветено на основачот на манифестацијата Ѓорѓи Кузмановски, кој почина во понеделникот на 80-годишна возраст. 

Манифестацијата е поддржана од голем број спонзори, а авиокомпанијата WizzAir на сите учесници и оваа година ќе им додели ваучери во износ од 20 евра. 

Издавањето на стартните пакети почна синоќа и сите пријавени учесници ќе можат да ги подигнат и во текот на денешниот и утрешниот ден.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе