1.МФЛ 2020/21

Васоски: Задоволен сум од бодот против Работнички, можевме и да победиме

Тренерот на Вардар со одлична тактичка поставеност тотално го неутрализираше градскиот ривал и малку фалеше и да слави победа.

Момент од дербито; Фото: ФК Работнички Скопје

Во саботата Работнички и Вардар го одиграа 91. Дерби на Скопје кое датира уште од далечната 1951 година кога во рамките на Втората југословенска лига овие два тима за првпат ги одмерија силите.

„Задоволен сум бидејќи одигравме добар натпревар. Имавме шанси и да победиме, но на крајот паднавме кондициски па примивме гол. Само една недела имавме подготовски и еве, имаме 4 бодови од 4 натпревари. Одлично му се спротивставивме на Работнички кој создаде малку шанси. Навистина сум задоволен од тоа како одиграа моите фудбалери“, вели Александар Васоски.

Работнички важеше за голем фаворит, но на крајот дури едвај стигна и до реми. Дарко Мицевски во 59. минута му донесе водство на Вардар по одлична асистенција од Филип Петковски, а 17-годишниот Лука Станковски во 76. минута израмни со својот деби гол во Првата лига.

Remote video URL

За Вардар сега следува и тоа како потребна пауза поради репрезентативни настапи. Со оглед на тоа што „Вардарци“ подготовките за новата сезона ги почнаа само недела дена пред 1. коло, паузата е и тоа како добредојдена за мини-подготовки за играчите да влезат во ритам и да набилдаат кондиција.

Следниот натпревар на Вардар е на 13 септември кога на домашен терен ќе го пречека Шкупи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе