Вазелин, аспирин и јаболков оцет како замена за скапи козметички производи

Производите за прекумерното потење, акните и испуканите пети понекогаш можат да бидат залудно трошење на пари. Меѓутоа, најевтините и најкорисни лекови за овие проблеми може да ги најдете во најблиската аптека.

Не треба да фрлате пари на скапи козметички производи затоа што може да користите и поевтина алтернатива. Овие пет производи можат да ви заштедат пари и време.

Аспирин и лимонов сок за испукани пети

Доколку имате испукани пети измелете десет таблети аспирин и додајте малку лимонов сок. Направите паста, а потоа смесата со туфер нанесете ја на вашите пети. Прицврстете ги туферите со газа и оставете да отстојат преку ноќ. Оваа постапка ќе ви помогне да се решите од мртвите клетки на кожата и да ја направите мека и мазна.

Листерин за пазувите

Листеринот е познат како средство за плакнење на устата, но има и многу други намени. Содржи еукалиптус и алкохол кои имаат антисептички својства и може да ви помогне во многу непријатни ситуации. На пример, може да го замени дезодорансот и да го намали прекумерното потење. Нанесете малку листерин со помош на туфер и уживајте во свежината во текот на целиот ден.

Вазелин за акни

Освен што го нанесувате на усните, вазелинот може да се користи и за лечење на акните. Користете го вазелинот заедно со ноќната крема и уште подобро ќе делува на вашата кожа.

Бебешка пудра за волумен на трепките

Овој евтин производ ќе ви помогне да заштедите пари кои би ги потрошиле на скапите маскари. Нанесете го првиот слој со маскара, а потоа додадете пудра и нанесете маскара уште еднаш.

Јаболков оцет за инфекција на нокти и кутикули

Бактериите на ноктите се вообичаена инфекција која може да се појави по лошиот маникир или при оштетување на ноктите. Јаболковиот оцет ќе ви помогне во овој случај.

Во сад додајте малку топла вода и оцет. Ова ќе ги зајакне вашите нокти и ќе растат побрзо.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе