ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2023

Верувале или не, некој го сака Мегваер: Интер прави сѐ за да го донесе

Хари Мегваер, кој му се приклучи на Манчестер Јунајтед во 2019 година за рекордни 80 милиони фунти за да стане најплатениот дефанзивец во историјата, долго време беше на маргините на „Олд Трафорд“ и стана предмет на потсмев.

Со доаѓањето на холадскиот стратег Ерик тен Хаг 29-годишниот фудбалер беше целосно маргинализиран и стартуваше само на 4 натпревари во Премиер лигата сезонава.

Колку Тен Хег не му верува, говори податокот дека на натпреварите против Нотингем Форест, Вулверхемптон и Манчестер Сити повеќе му веруваше на левиот бек Лук Шо, отколку на него.

Договорот на Мегваер истекува на крајот од сезоната и многу експерти не веруваат дека тој некогаш повторно ќе го облече дресот на некој голем клуб, но на самиот крај од зимскиот преоден рок пристигна интересна понуда за него и тоа не од било кој клуб туку од италијанскиот гигант Интер.

Со оглед на тоа што Милан Шкриниар уште сега би можел да го напушти Интер и да се пресели во ПСЖ, челниците на Интер се очајни по нов стопер, а Мегваер е нивниот прв избор.

Јунајтед веќе доби понуда да го позајми Мегваер до крајот на сезоната, но Тен Хег, иако очигледно не смета на него, веднаш ја отфрли можноста.

Сепак, челниците на Интер продолжија да испраќаат понуди и се надеваат дека на крајот ќе го убедат Тен Хаг да го пушти англискиот репрезентативец на „Џузепе Меаца“.

ПСЖ одамна го мерка Шкриниар, а со оглед на тоа што договорот на Словакот истекува во јуни, на лето „Светците“ би го добиле бесплатно. Сепак, уште сега им е потребен како засилување поради атакот на Лигата на шампиони. Од друга страна, подобро и за Интер е да го продаде сега за да заработи нешто, но во тој случај и ќе мора да се надева дека Манчестер ќе го пушти Мегваер за експресно да добие замена бидејќи во спротивно ќе биде драстично ослабен на централната бековска позиција.

Иако резерва во Јунајтед, Мегваер беше прв избор на англискиот селектор Гарет Саутгејт на Мундијалот во Катар, каде дефанзивецот ги оправда очекувањата и одигра добро. И покрај тоа, по враќањето во Манчестер се врати на клупата за резерви.

Според реномираниот Transfermarkt вредноста на Мегваер е 30 милиони евра, додека на две години помладиот Шкриниар е 60 милиони.

Денеска е последниот ден од зимскиот трансфер период и во Италија, Англија и Франција, па останува да видиме што ќе се случи до вечер во 23 часот кога се затвора преодниот рок.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе