УС ОПЕН 2020

Вилијамс за УС Опен: Отсуството на ѕвезди нема да ја направи титулата помалку вредна

МИА/КАЈГАНА
/ 22.08.2020 / 16:33

Серена Вилијамс смета дека отсуството на многу од ѕвездите на претстојниот УС Опен нема да ја направи титулата помалку вредна.

Во Њујорк нема да играат 6 тенисери од Топ 10, предводени од првите две во рангот Ешли Барти и Симона Халеп, како и минатогодишната шампионка Бјанка Андреску.

Според Вилијамс, ова сепак нема да го намали значењето на трофејот.

– Сè уште треба да победите на седум натпревари, без разлика кој е против вас. Ако ја освоите титулата, треба да бидете горди на вашиот триумф во овие ненормални околности – без навивачи и со сите овие правила и ограничувања. Ова ќе биде многу сериозен психолошки тест, рече 23-кратната освојувачка на Грен слем титули на прес-конференцијата пред почетокот на Western & Southern Open.

URL

Вилијамс исто така рече дека изнајмила куќа во Њујорк наместо да остане во хотел подготвен за играчите, бидејќи се плаши од потенцијални ризици по нејзиното здравје.

– Имам здравствени проблеми и не сакам да се заразам со COVID-19 или ако тоа се случи, би сакала да биде полесно. Со оглед на моите проблеми со белите дробови, решив дека престојот во хотелот ќе биде премногу ризичен за мене. Дома контролата е полесна и јас треба да бидам што е можно посмирена и пофокусирана за да играм добро, рече шесткратната шампионка на УС Опен.

Во својот прв натпревар на Western & Southern Open, Серена Вилијамс ќе игра против победничката на натпреварот помеѓу Аранча Рус или Алисон Ван Витваннк во следната фаза.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе