Витамин кој може да го ублажи штетното дејство од загадениот воздух

Жителите на поголемите градови од Западен Балкан деновиве повторно се соочуваат со алармантно загаден воздух.

Магла и загадување во Скопје (Реонски Центар) сликано на 8 ноември 2022; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од 90% од светското население живее во области каде загаденоста на воздухот ги надминува границите. Научниците долго време се сомневаа дека ПМ 2,5 (ситни честички во воздухот) предизвикуваат епигенетски промени во нашите клетки кои можат да го загрозат нашето здравје.

Како што почна периодот на загаден воздух, кој деновиве и тоа како се чувствува во Скопје, но и во други градови низ државава, жителите повторно ги вадат заштитните маски, но и не отвораат прозорци. Мерните станици поставени низ градовите покажуваат дека концентрацијата на штетни материи во воздухот, особено ПМ честичките, деновиве редовно ги надминуваат безбедносните граници за квалитет на воздухот препорачани од СЗО.

Токму поради таа причина, меѓународен тим научници во 2017 година изработи клиничко испитување со желба да открие како ефектот на изложеност на концентрација од загаден воздух во ПМ 2,5 може да биде ублажен преку дневно внесување на витамин Б, кој содржи 2,5 мг фолна киселина, 50 мг витамин Б6 и 1 мг витамин Б12.

Во истражувањето учествувале 10 волонтери кои прво биле изложени на чист воздух, а им бил даван плацебо за да ги измерат нивните основни реакции. Подоцна истите испитаници биле тестирани со големи дози на витамин Б и биле изложени на многу загаден воздух кој содржи високо ниво на ПМ 2,5.

Remote video URL

Резултатите од истражувањето откриле дека четиринеделното изложување на суплементи од витаминот Б го ограничува ефектот на ПМ 2,5 помеѓу 28% и 78% на 10 генски локации. Истражувачите откриле дека слична редукција се случува и во митохондриската ДНК, деловите од клетките кои генерираат енергија.

Научниците, сепак, истакнуваат дека оваа студија има многу ограничувања, како на пример малиот број на испитаници, но и малкуте информации за количината на витамин Б која може да предизвика реакција, како и дека се потребни подетални истражувањеа и испитувања. Како и да е, резултатите од оваа студија се охрабрувачки и можеби го содржат клучот за намалување на штетните дејствија од загадениот воздух.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе