За да го заштитите организмот од сезонските вируси и грипот, овој период јадете зеленчук што ги подобрува имунитетот, кардиоваскуларниот систем и помага при анемија и замор.

Овој рецепт за витаминска бомба ќе ви помогне во тоа.
Потребни состојки:
- едно цвекло
- три моркови
- малку ѓумбир
- магдонос
- 300 мл вода
Начин на подготовка:
Исечете го зеленчукот и ставете го во блендер. Потоа додадете 300 мл вода и соединете ги состојките. Процедете го сокот и бавно пијте го наутро, откако ќе станете.