Влада: Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,2 отсто

Скопје, 5 март 2022 (МИА) – Невработеноста во четвртото тримесечје од 2021 година е на најниско ниво во независната економска историја и изнесува 15,2 отсто, согласно податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период во 2020 година е намалена за 5,6 проценти, односно 0,9 процентни поени, соопштија денеска од Влада.

Како што истакнаа оттаму, Владата продолжува со посветена работа за создавање услови и поддршка за натамошно намалување на невработеноста до крајот на годината.

– Согласно Планот за забрзан економски раст, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3 отсто во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 проценти, потенцираа од Влада.

Нагласија дека економските политики на Владата даваат резултати, просечната месечна нето плата во декември 2021 изнесува 29.943 денари.

– Постигнавме договор за историско највисоко ниво на минималната плата од 18.000 денари, а согласно статистика растот на нашата економија во 2021 година изнесува четири отсто, кој е близу до владината проекција од 4,1 процент.  Во услови на светска криза се грижиме и за зачувување на стандардот на пензионерите. Затоа го реализираме и најголемото покачување на пензиите, кои континуирано ќе растат со  новата методологија која е усвоена според швајцарски модел.  Така, пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат просечно 900 денари плус на својата сметка и тоа е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија, посочија од Влада.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе