ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Влаховиќ: Едвај чекам да играм на Мундијалот

Српскиот напаѓач и голгетер на Фиорентина уште отсега е нестрплив за настап на Мундијалот кој ќе се одржи дури по една година.

Србија синоќа направи огромно изненадување победувајќи ја Португалија среде Лисабон и тоа со гол во 90-тата минута. Србите се пласираа на Мундијалот во Катар, а Португалија ја испратија во баражот, каде можеби и ќе игра против Македонија.

„Веќе разговаравме пред натпреварот, што и да се случи, да останеме смирени, да бидеме сконцентрирани и дека на крајот ќе победиме. Верувавме во тоа, од март се зборуваше дека овој натпревар ќе биде одлучувачки. Секако дека посакувавме порано да има разрешница, но вака е послатко. Ние 23 со стручниот штаб, сите сме херои. Вложивме максимум и на крајот сето тоа ни се врати. Едвај го чекам Светското првенство, да одиме таму и да направиме голем резултат“, рече Влаховиќ во изјава за ФСС.

Србија играше и на последното Светско првенство во Русија, но испадна уште во фазата по групи откако ја победи само Костарика, а загуби од Бразил и Швајцарија.

„Не сакам да отидеме таму и да испаднеме во група. Да отидеме таму за да направиме резултат, имаме квалитет и желба. Чувството е неверојатно. Благодарност до сите за поддршката, се надевам дека вака ќе продолжиме“, додаде тој.

Мундијалот во Катар ќе се игра од 21 ноември до 18 декември наредната година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе