Во Грција потврдени случаи на новите подваријанти на омикрон - се очекува да станат доминантни во Европа

Во Грција се потврдени вкупно 15 случаи на подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 на сојот омикрон, за кои Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) очекува до средината на ноември и почетокот на декември да станат доминантни кај повеќе од половината потврдени случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за подваријанти на варијантата ΒΑ.5 на мутацијата омикрон, а во Грција, според податоците од Националната организација за јавно здравје, во периодот од 1 септември до 18 октомври биле потврдени десет случаи на BQ.1 и пет на BQ.1.1.

Од Европскиот центар за превенција и контрола на болести во петокот соопштија дека во некои земји на Европската Унија е откриена подваријантата BQ.1, која од 20 октомври 2022 година, ЕЦДЦ ја означи како варијанта на интерес (VOI).

Согласно нивните модели, се очекува до средината на ноември и почетокот на декември над 50% од заразените со COVID-19 да се должат на BQ.1/BQ.1.1, а до почетокот на 2023 година, кај повеќе од 80% од случаите да бидат доминантни овие варијанти.

– Оваа варијанта (BQ.1) и нејзините подваријанти веројатно ќе придонесат за дополнително зголемување на случаите на COVID-19 во Европската Унија и Европската економска зона во следните недели и месеци, соопштија од ЕЦДЦ во петокот и додадоа дека врз основа на ограничените достапни податоци, нема докази дека подваријантата BQ.1 е посериозна од постоечките варијанти BA.4/BA.5.

Освен новите подваријанти, во конкретниот период во Грција се потврдени и 35 случаи на подваријантата BA.2.75 на BA.2, позната како кентавр, а во земјата има вкупно 66 случаи на ова подваријантата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе