Во Кина во последните 24 часа се регистрирани 143 нови случаи, соопшти Комисијата за национално здравје.
Здравствените власти наведуваат дека повеќето заболени се со новиот сој делта.
Во соопштението се наведува дека ова е најголем број на заразени од 20 јануари. Според податоците од NHC, 108 луѓе се заразени од локална трансмисија, а останатите се лица коишто пристигнале од странство.
Од почетокот на пандемијата во Кина се заразени 93.969 лица, а починаа 4.636.