Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани уште 15 пациенти, вкупно се лекуваaт 245

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 245 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ информираа дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми.

– Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент. Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 21 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат девет пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има седум пациенти, наведоа од МЗ.

Вкупно 245 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Како што посочија од МЗ, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

– Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 148 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, истакнаа од Министерството за здравство. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе