Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализрани 38 пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во Скопје биле примени 38 пациенти со симтоми на вирусот COVID-19. До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти биле хоспитализирани во овие центрите во Скопје.

-Капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има, истакнуваат од  Министерството за здравство.

Во последните 24 часа на интерните клиники имало 12 приеми и тоа четири во ковид-центарот на Клиниката за дерматологија, пет приеми во центарот на Клиниката за неврологија и три пациенти се хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатото деноноќие имало 18 приеми, а во ковид- центарот во ГОБ „8 Септември“ биле примени девет нови пациенти.

-Во моментов, на Клиниката за дерматологија во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму нагласуваат дека слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.

-На Интерните клиники во ковид центрите на Клиниката за неврологија и на Клиниката за дерматовенерологија покрај постоечките 64 кревети, ќе се стават во функција и дополнителни легла, а од сабота пациенти ќе се примаат и во новите ковид центри на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за нефрологија. Овие клиники располагаат со кислородни места за третман на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ капацитетите се генералнпо полни, но во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти и постепено се ослободуваат дополнителни места. Оваа клиника располага со 56 места за лекување на ковид пациенти, велат од министерството.

Од министерството потенцираат дека сите нови оддели на Интерните клиники располагаат со болнички места до кои имаат довод на кислород.

-Во тек е доопремување со останатата медицинска опрема која им е потребна на лекарите, а од денес покрај пулмолог и анестезиозолог, достапен за консултации на интерните клиники ќе биде и лекар анестезиолог од КАРИЛ, соопштуваат од министерството за здравство.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе