Во остатоци на брод потонат пред 500 години откриени добро сочувани зачини

Археолози тврдат дека пронашле добро сочувани зачини - од шафран и зрна бибер до ѓумбир - во остатоците на бродот Gribshunden кој потонал пред 500 години, а кој му припаѓал на кралот Ханс, како тогашен крал на Данска и Норвешка.

Во 1495 година бродот потонал во Балтичкото Море, во близина на брегот на шведскиот град Ронеби. Се верува дека потонал откако на него избувнал пожар, и тоа додека кралот одел на политички состанок во Шведска.

Спортски нуркачи го пронашле потонатиот брод во 60-тите години на минатиот век, а во последниве години беше спорадично истражуван. Во текот на претходните истраги биле пронајдени големи предмети, како дрвени скулптури, за кои екипажот верувал дека го штитат од несреќи

Истражувањето, предводено од археологот Брендан Фоли од шведскиот Универзитет Лунд, открило зачини кои биле под калта.

„Балтикот е чуден - има ниско ниво на кислород, ниска температура, ниска соленост, толку многу органски работи се добро сочувани, што не би било случај во ниту еден друг океан во светот. Но, да се најдат вакви зачини е сосема невообичаено“, вели Фоли.

Зачините биле симбол на висок статус, бидејќи само богатите можеле да си дозволат шафран или каранфилче, кои биле увезувани надвор од Европа. Истражувачот од Универзитетот Лунд, Микаел Ларсон, истакна дека ова е уникатно археолошко откритие, пренесува Reuters.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе