Во Сан Марино бесни на ФИФА: Постигнавме 3 гола и нѐ турнавте на дното

Филип Здравески
/ 01.12.2023 / 14:26

Синоќа излезе ноемвриската ранг-листа на ФИФА на која репрезентацијата на Сан Марино се најде закована на самото дно.

„Момците испишаа историја за прв пат постигнувајќи три гола во низа и наместо да нѐ поддржат, тие нѐ уназадија три места. Неверојатно“, пишува фан-страницата на најслабата европска репрезентација.

„Уште па пред нас се Гибралтар, кој прими 20 гола на два натпревара, земја со име на риба, Ангвила, и два острова девици (се мисли на Британски Девствени Острови и Американски Девствени Острови). Мафијашка работа на ФИФА, го покрадоа Сан Марино“.

Сан Марино претходно беше на 207. место, а сега е на 210-то. Но, тоа не е поради резултатите, туку бидејќи во претходните рангирања не беа вклучени три неактивни репрезентации (Самоа, Американска Самоа и Тонга) кои сега се вклучени бидејќи одиграа натпревари.

Згора на тоа, навистина Сан Марино минатиот месец имаше подобри резултати од Гибралтар, кој загуби со 14:0 (Франција) и 6:0 (Холандија), за разлика од Сан Марино која загуби 3:1 (Казахгстан) и 2:1 (Финска), но рангирањето се прави како комбинација од претходните и сегашните резултати, не само сегашните. Дополнително, бодови се добиваат за победа и реми, а не за постигнати голови. Санмаринците имаат 5,27 бодови помалку од октомвриското рангирање.

Сан Марино на последните 11 натпревари има 11 порази, а последниот успех, и тоа реми, му беше на 17 ноември 2022 кога одигра 1:1 на пријателска со карипската островска држава Св. Луција.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Фудбал

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Read more

Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Read more
 

Спорт

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Читај повеќе

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Читај повеќе

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе