Во Собранието продолжи расправата за нова Влада

По редовната пауза, во Собранието попладнево продолжи расправата за новата влада, каде повторно во фокусот беа енергетската криза, економскиот развој, НАТО, но и преговорите со Европската Унија.

Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците во своето излагање напомена дека граѓаните чекаат подобрувања од Владата, чекаат видливи резултати. Но, според него, овој владин состав многу тешко ќе може да донесе резултати, бидејќи не размислуваат за резултатите.

-Ако ги земеме предвид, анализирајќи ја и владината програма, ќе видиме дека има десонанца или противречености меѓу тоа што се вели во програмата, и резултатите. Програмата наликува повеќе на  семинарска работа, иако тие велат дека оваа Влада ќе понуди прогрес и просперитет, таа се движи во спротивна насока, додаде Азири.

Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ во своето обраќање во Собранието посочи дека се што до сега ветиле, тоа и реализирале, и како што рече, кадрите на ДУИ имаат реализирано конкретни резултати кои не можат да се спорат.

-Додека во регионот имаше рестрикции и дури некои градови беа без светло, Бектеши кажа дека нема да има рестрикции. Така и испадна. Се изнајде решение и за скопското парно, и не се зголемија цените за домаќинствата, рече Адеми.

Тој додаде дека во екот на пандемијата се сочуваа над 60 илјади работни места, се намали невработеноста, се зголеми извозот, а како што рече, кадрите на ДУИ се достоинствени претставници кои имаат идеја и визија како државата да оди напред и како да се менаџира со кризите, како што е мигрантската криза, ковид пандемијата на најдобар начин.

-Владата на која и дадовме доверба во август 2020 година од оваа собраниска сала, го отвори патот за реализација на најголемиот инфраструктурен проект на Коридорот 8 за кој беше потпишан договор со познатата компанија Бехтел – Енка и исправноста на Законот за кој заедно гласавме овде, го потврди и Уставниот Суд, со што веќе се овозможи дефинирање на периодот за почеток на работниот процес во летото оваа година, додаде Адеми. Напомена дека сите споменати проекти треба да бидат поттик и мотив да се продолжи со добрите дела.

-Ние сме дел од НАТО и тој сон го реализиравме со многу работа, решителност и јасна визија, сега кон новиот интегративен предизвик да работиме заедно за да ја интегрираме земјата таму каде што припаѓа, во семејството на Европската Унија. Поддршката за продолжување на работата на оваа Влада значи и реализација на оваа цел, додаде Адеми.

На крај, како што рече, граѓаните го кажаа својот збор и го поддржаа ДУИ.

Пратеничката Рина Ајдари од ДУИ рече дека владината програма ги надминала очекувањата и според неа, нема сомнение дека оваа Влада ќе продолжи со добро владеење и ќе ја реализира програмата.

Напомена дека минималната плата се зголемила за шест илјади, се обезбедија вакцини, се згоелмија платите во безбедност и здравството, а како што рече, се вработија и првите Албанци во Уставниот суд. Исто така, како што посочи, на 13 август 2021 година се одбележа годишнината на Рамковен договор со многу гости и имаше активности на сите институции кои се во склад со Рамковниот договор.

-Денеска сме земја во НАТО и во очекување сме за одржување на заедничка меѓувладина седница за почеток на преговорите за пристап во Европската Унија. Оваа Влада ја има нашата целосна поддршка за реализација на проекти од програмата, зборот го имаат граѓаните и тие гласно се определија за поддршка на ДУИ на последните локални избори, рече Ајдари.

Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците во својата реплика во однос на Рамковниот договор го спомена Министерството за одбрана, при што посочи дека од 15 државни советници само еден е Албанец, од 16 раководители ниту еден не е Албанец, а од 77 одделенија има само еден Албанец. Според него, ова е голема дискриминација која нема никаква поврзаност со Рамковниот договор ниту со правичната застапеност.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во своето излагање напомена дека оваа влада е во тешка легитимациска криза.

Оваа влада, како што рече, не може да наследи легитимет од претходна влада, бидејќи, според Силјановска, не си замина премиер и претседател на партијата заради нова функција или болест, туку заарди одговорност.

Второ, како што посочи, кога се конституирала владата, дел од неа беше и партијата БЕСА, сега како што рече Силјановска, има само еден евро освестен пратеник.

Затоа, продолжи Силјановска, гласачите не се сега гласачи на оваа коалиција и затоа нејзиниот легитимитет е нагризен.

-Се прашувам што мислат граѓаните за учество на Алтернатива во владата. Исто така, министрите кои беа носители на кандидатските листи ги нема. Се повикувате на НАТО, но ја нема министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која беше персонификација на НАТО, не знам дали е разрешена или е од лични причини, рече пратеничката Силјановска Давкова.

Според неа, најголем удар на легитимет на оваа влада, беа локалните избори. По дефиниција, како што рече, оваа влада е нестабилна или ефемерна.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе