ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА ЕВРОБАСКЕТ 2025

Војдан: Би сакал љубителите на кошарката да ја исполнат салата и да бидат наш шести играч

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, ги повика навивачите на „Црвено-жолтите“ да дојдат и да ја исполнат салата „26 Април“ во Гевгелија каде вечерва гостува Норвешка.

– Би сакал да ги повикам сите љубители на кошарката да ја исполнат салата до последно место и да бидат наш шести играч. Нема да биде воопшто лесно, но се надевам дека ние ќе бидеме победници на крајот. Ја гледавме Норвешка, станува збор за добар тим кој игра кошарка со многу движења и силна транзиција. Главен адут им е тоа, транзицијата, доста трчаат. Се работи за специфична репрезентација, со квалитетен офанзивен скок. Наше е да го затвориме нивниот најдобар играч кој им е на плејмејкерската позиција и да ја спречиме транзицијата. Мора сите 40 минути да играме фокусирано и квалитетно, смета Стојановски.

Очекува дека на овој натпревар од Д групата од претквалификациите за ЕвроБаскетот 2025 од голема помош ќе биде новиот македонски плејмејкер Ти-Џеј Шорц.

– Последните пет години не сме во целост комплетни, со исклучок во август кога бевме повеќето тука и покажавме квалитетна кошарка. Во воведните два дуела немавме натурализиран кошаркар. Сите кои пратат европска кошарка знаат дека Шорц е лидер во тимовите каде и да играл. Се работи за сериозен играч со светла иднина. Пред сѐ тој како личност е многу добар, тоа го почувствувавме веднаш на стартот, бевме како да се знаеме долго. Ќе ни биде од преголема помош, сигурно, вели Стојановски.

Двете репрезентации по две одиграни кола од групата Д има ист скор - по две победи.

Натпреварот се игра вечерва од 19 часот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе