НОСТАЛГИЈА ПУШТЕНА НА НАЈЈАКО

Вокмен е жив!

Sony претстави два нови Walkman уреди: NW-ZX700 и NW-A300.

Ако знаете која е поврзаноста меѓу пенкалата и аудиокасетите, тогаш сигурно знаете за легендарниот Walkman.

Верувале или не, овој уред е сè уште жив, само што повеќе не пушта касети или, како што беше случајот во подоцнежните изданија, CD-а, туку работи со Android и го нуди целиот шарм на овој оперативен систем, а Sony штотуку претстави два нови модели : NW-ZX700 и NW-A300.

Ако се прашувате која е поентата на овие уреди, особено кога нашите смартфони нудат иста функционалност, одговорот е дека Sony нуди подобро слушачко искуство благодарение на различните компоненти кои служат за што е можно поверно репродуцирање на звукот, што значи дека Walkman плеерите се наменети за аудиофили, за сите што се чувствуваат така, но и за оние кои сакаат да носат парче носталгија во џебот.

NW-A300

Поевтиниот од овие два модели, NW-A300, чини 399 евра, а има димензии 56,2 x 98,5 x 12 мм. На предната страна на уредот има 3,6-инчен LCD екран со резолуција од 1.280 x 720 пиксели, а поддржува и Wi-Fi 5 и Bluetooth 5 конекција. Кога станува збор за портите, тука е USB-C, кој го исполнува стандардот USB 3.2 Gen 1 и 3,5 милиметарски конектор. Внатрешната меморија од 32 GB може да се прошири со microSD картичка.

За жал, Sony не откри кој чипсет го напојува овој уред, но знаеме дека се работи за процесор на Qualcomm поврзан со 4GB RAM. Sony ветува дека корисниците ќе можат да слушаат FLAC-датотеки од 44,1 kHz 36 часа или дека автономијата е до 32 часа за FLAC-датотеки од 96 kHz.

NW-ZX700

За разлика од поевтиниот модел, NW-ZX700 сè уште нема да биде лансиран во Европа, а неговата цена е 104.500 јени (околу 750 евра), што дефинитивно е цифра што ќе бидат подготвени да ја платат само вистинските аудиофили. Sony ја оправдува оваа цена со додавање на напреден аудиозасилувач и големи кондензатори кои го хранат аналогниот аудио излез.

NW-Z700 се напојува со чипсет Qualcomm QCS4290, со осум јадра Kryo 260 и графика Adreno 610. Овој модел на чип нема да го видите во смартфоните, бидејќи нема можност за поврзување на мобилна мрежа, но според останатите спецификации кои ги нуди, може да се заклучи дека е многу блиску до чипсетот Snapdragon 662, кој, на пример, се содржи во телефонот Honor 50 Lite.

На предната страна на уредот има 5-инчен LCD екран со резолуција од 1.280 x 720 пиксели и брзина на освежување од 60 Hz. Во споредба со A300, овој модел нуди помала автономија на батеријата - 23 часа слушање музика - но претпоставуваме дека тоа е цената што треба да се плати за напојување на помоќните компоненти за репродукција на звук. За бараните пари добивате и два аудио излези: балансиран излез од 4,4 мм и конектор од 3,5 мм. Внатрешната меморија од 64 GB може да се прошири со помош на microSD картичка.

Во овој, но и поевтиниот модел, има S-Master HX чип, кој поддржува NativeDSD аудио формат со висока резолуција. За оние кои сакаат да репродуцираат инфериорен звук од 128 kb, Sony нуди функција DSEE Ultimate која наводно може да го подобри квалитетот на звукот користејќи вештачка интелигенција, а има и Vinyl Processor кој ќе додаде грамофонски шмек на музиката за „автентично слушање“.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе