Времеплов: 23 години од најдраматичното ЛШ финале

На денешен ден пред 23 години се одигра финалето од Лигата на шампионите во Барселона во 1999 година помеѓу Манчестер Јунајтед и Баерн, а тој натпревар сите фудбалски фанови го паметат по драматичната завршница во која „Црвените ѓаволи“ ја освоија титулата.

Повеќе од 90.000 гледачи на стадионот „Камп Ноу“ и милијарди ширум планетата беа сведоци на неверојатен пресврт кој стана синоним за поговорката дека „не е крај додека судијата не свирне“.

Тогаш Баерн беше фаворит со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед поради суспензијата остана без клучните двајца играчи од средниот ред, Пол Сколс и Рој Кин, а Германците ги оправдаа очекувања во текот на натпреварот.

Уште во 6. минута Марио Баслер од слободен удар погоди за 1:0. Баерн имаше уште неколку убави шанси кои не завршија со гол, а најдобри во вториот дел беа оние на Мехмет Шол кој ја погоди стативата, а Карстен Јанкер кога со ножички ја затресе пречката.

На крајот од натпреварот, поточно во 87. минута, во игра влезе Хасан Салихамиџиќ и се чинеше дека репрезентативецот на Босна и Херцеговина ќе стане првиот Босанец кој го подигнал пехарот во Лигата на шампионите откако Босна и Херцеговина е независна држава.

Кога четвртиот судија Фиоренцо Треоси подигна табла на крајот од 90. минута велејќи дека ќе се одиграат 3 минути судиско надополнување, сите само чекаа Баерн и официјално да стане европски шампион, но тогаш се случи чудо под водство на резервистите Теди Шерингам и Оле Гунар Солскјер.

На 90+1 Дејвид Бекам изведе корнер, центрираше кон голманот Петер Шмајхел, кој беше дојден во противничкиот шестнаесетник, а одбраната на Баерн ја шутна топката до работ од шеснаесетникот. Рајан Гигс, изразен левучар, слабо шутираше со десната нога, топката некако стигна до резервистот Шерингам кој одблиску ја смести в гол за 1:1.

Тогаш секако сите мислеа, нормално, дека натпреварот ќе оди во продолженија, но во 90+3 (последната минута од продолжението) Солскјаер се избори за корнер. Бекам повторно постигна нафрли, Шерингем на прва статива ја погоди топката со глава, таа падна токму пред Солскјар кој ја смести а гол за 2:1.

Тој погодок беше одбележан со големо славје на Јунајтед и неизмерна тага на лицата на играчите на Баерн олицетворени во ликот и делото на уништениот стопер на баварскиот тим, Самуел Куфур, кој на колена избезумено низ солзи удирајќи со рацете по тревникот, додека легендарниот судија Пјерлуиџи Колина се обидуваше да го утеши.

Remote video URL

За Манчестер Јунајтед настапија: Петер Шмајхел (к); Денис Ирвин, Јап Стам, Рони Јонсен, Гари Невил; Јеспер Бломквист (67' Теди Шерингам), Ники Бат, Дејвид Бекам, Рајан Гигс; Енди Кол (81' Оле Гунар Солскјер), Двајт Јорк. Тренер: Алекс Фергусон.

За Баерн настапија: Оливер Кан (к); Михаел Тарнат, Самуел Куфур, Лотар Матеус (80' Торстен Финк), Томас Линке, Маркус Бабел; Јенс Јеремис, Штефан Ефенберг; Александер Циклер (71' Мехмет Шол), Карстен Јанкер, Марио Баслер (87' Хасан Салихамиџиќ). Тренер: Отмар Хицфелд.

Иако финалето на Лигата на шампионите во 2005 година во Истанбул помеѓу Ливерпул и Милан беше полно со возбудувања, никогаш не се случи во 91. и 93. минута еден тим да остане без трофеј како таа вечер на 26 мај 1999 година во Барселона.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе