Времеплов: Новите богови од Олимп се искачија на тронот на Европа

Филип Здравески
/ 04.07.2023 / 18:50

На денешен ден во 2004 година Грција го направи едно од најголемите изненадувања во светот на фудбалот, кога како фудбалски анонимус се искачи на тронот на Европа.

На Европското првенство таа 2004 година во Португалија репрезентацијата на Грција отиде однапред прежалена дека ќе биде елиминирана уште во групната фаза, каде се падна во групата А со домаќинот Португалија, силната Шпанија и Русија. Откако на отворањето шокантно ја победија Португалија со 2:1, а Португалците голот го постигнаа во судиското надополнување, потоа одиграа 1:1 со Шпанија и уште по првите две кола си го заверија пласманот во нокаут-фазата, со оглед на тоа што во последното коло Португалија и Шпанија играа меѓу себе. Португалија победи со 1:0 и помина, а Грција растеретена од било каков притисок си дозволи пораз од 2:1 од Русија, која претходно ги загуби двата натпревара.

Во четвртфиналето Грција налета на актуелниот европски шампион Франција. Зидан и дружината беа немоќни пред борбените Грци и со голот на Ангелос Харистеас Грците приредија ново изненадување.

Во полуфиналето на ред дојде Чешка на Павел Недвед. Откако 90 минути немаше голови, се замина во продолженија, каде во надополнувањето од првото дефанзивецот Трајанос Делас погоди за епски пласман во големото финале.

А, таму, во финалето чекаше домаќинот Португалија, која предводена од Луиш Фигу и младиот Кристијано Роналдо претходно на пенали ја исфрли Англија, па во полуфиналето со 2:1 ја победи Холандија.

На преполнниот „Да Луж“ стадион во Лисабон, Португалците сакаа одмазда за поразот на отворањето и беа убедени дека пред својата публика и на своето првенство нема втор пат да се лизнат пред анонимните Грци.

Грците и на последниот натпревар не отстапија од својата одбранбена тактика, затворајќи го секој приод кон својот гол, а напаѓајќи само кога имаа услови за такво нешто. Во 57. минута еден таков напад резултираше со корнер, единствениот корнер што Грција го изведе. Басинас нафрли од десно, а Харистеас со глава корнерот го претвори во гол. Португалците до крајот не успеаја да израмнат, и по втор пат на свој терен на првенството загубија од Грците, овој пат во натпреварот за пехарот на УЕФА.

Португалците шутнаа 17 пати кон грчкиот гол, а Грците само 4 пати кон португалскиот. Португалија изведе 10 корнери, Грција само 1.

Португалија: Рикарду; Мигел (43' Пауло Ферејра), Жорже Андраде, Рикарду Карваљу, Нуну Валенте; Маниш, Коштиња (60' Руи Кошта), Деку; Кристијано Роналдо, Паулета (74' Нуну Гомеш), Луиш Фигу. Селектор: Луис Фелипе Сколари (Бразил).
Грција: Антониос Никополидис; Јуркас Сеитаридис, Михалис Капсис, Трајанос Делас, Такис Фисас; Теодорос Загоракис (к), Костас Кацуранис, Ангелос Басинас; Ангелос Харистеас, Зизис Вризас (81' Димитрис Пападопулос), Стелиос Јанакопулос (76' Стилианос Венетидис). Селектор: Ото Рехагел (Германија).
Судија Маркус Мерк (Германија).

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more
 

Спорт

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе