Вселенски отпад ja погоди и оштети МВС

Парче вселенски отпад што беше премногу мал за да се следи ја погоди Меѓународната вселенска станица (МВС) и ја оштети нејзината роботска рака Canadarm2.

За среќа, инструментот е сè уште функционален, но предметот му ја проби термичката заштита и оштети некои од неговите компоненти.

Вселенските агенции и научната заедница веќе извесно време предупредуваат на проблемот со вселенскиот отпад (остатоци од мисии и сателити), наведувајќи дека станува збор за „темпирана бомба“. Експертите следат повеќе од 23.000 парчиња поголеми од тениско топче за да избегнат судир меѓу нив и МВС или сателит.

Помалите објекти е невозможно да се следат, но тоа не значи дека не можат да предизвикаат значителна штета на активните мисии во орбитата на Земјата, пишува Science Alert.

130 милиони мали фрагменти

Canadarm2 (SSRMS), дизајниран од Канадската вселенска агенција (CSA), е дел од МВС цели 20 години. Тоа е роботска титаниумска рака што служи за одржување на станицата и за помагање на маневрирање предмети надвор од МВС, како што се товарни бродови.

Засега е непознато кога точно се случила несреќата. Штетата за прв пат е забележана на 12 мај, за време на рутински преглед.

„И покрај влијанието, тековните анализи покажуваат дека уредот е сè уште функционален. Оштетувањето е ограничено на мал дел од раката и термичкиот капак. Canadarm2 продолжува со планираните операции“, напиша CSA.

Иако МВС имаше среќа овојпат, проблемот со вселенскиот отпад се зголемува од година во година и прашање на време е кога може да се случи посериозна штета. Меѓународната вселенска станица минатата година мораше трипати да изведе маневри за итни случаи за да избегне судири со вселенски остатоци.

Европската вселенска агенција (ЕСА) проценува дека околу 130 милиони фрагменти од човечки изработен материјал помали од еден милиметар во моментов кружат околу Земјата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе