Загриженост кај групите за заштита на човекови права откако Маск го купи Twitter

Twitter ја прифати понудата на Илон Маск вредна 44 милијарди долари, официјално соопшти компанијата. Но, откако Маск соопшти дека ќе ја намали цензурата на таа социјална мрежа, групите за заштита на човековите права изразија загриженост поради можноста дека ќе се зголеми говорот на омраза.

Со синоќа постигнатиот договор се става крај на турбулентен циклус во кој извршниот директор на Tesla и SpaceX стана сопственик на популарната социјална мрежа.

Договорот дојде откако Маск минатата недела откри дека обезбедил 46,5 милијарди долари за купување на компанијата и потоа ја дал својата последна понуда. Бордот на директори на Twitter се состана во неделата за да ја оцени понудата и синоќа се согласи на договор за продажба за 54,20 долари по акција.

Маск го постигна договорот со Twitter со ветување дека ќе ја намали цензурата на платформата. Ова, секако, покрена лавина прашања за тоа што би значел таквиот пристап за оваа социјална мрежа, пишува BBC.

Организациите за човекови права веднаш изразија загриженост дека немањето ограничувања може да доведе до зголемување на говорот на омраза.

По веста за новиот сопственик, групите за човекови права изразија загриженост поради говорот на омраза на Twitter и моќта што ќе ја добие Маск, кој се опишува себеси како „апсолутист на слободата на говорот“.

Маск беше многу гласен во критикувањето на политиката на платформата за модерирање на содржината, тврдејќи дека Twitter мора да биде автентична платформа за слободен говор. Во изјавата по веста дека е постигнат купопродажен договор, Маск ја опиша слободата на говор како „основа на функционалната демократија“.

Амнести интернешнал напиша во објава на Twitter: „Загрижени сме за секој чекор што Twitter може да го преземе против политиките и механизмите дизајнирани да ги заштитат корисниците. Последното нешто што ни треба е Twitter, кој ќе ја сврти главата на друга страна кога ќе има насилен и навредлив говор кон корисниците, особено оние кои често се цел на говор на омраза, вклучувајќи жени, трансродови луѓе и други“.

Многу корисници на Twitter се прашуваат дали новиот пристап значи и дека ќе ги врати претходно суспендираните и забранети профили. Најпознатата личност која беше суспендирана од Twitter е поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пишува BBC.

Профилот на Доналд Трамп беше трајно суспендиран минатата година во екот на протестите и упадот во зградата на Капитол во Вашингтон на 6 јануари. Сепак, дури и ако Twitter ја промени политиката со Маск, Трамп тврди дека не планира да се врати на таа социјална мрежа, туку се одлучил за сопствената платформа Truth Social. Тој го потврди ова за Fox News и додаде дека верува оти Муск, кого го нарече добар човек, ќе донесе подобрувања на платформата.

Сепак, експертите тврдат дека Трамп сепак би можел да се врати на Twitter во случај да одлучи да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Маск рече дека се надева дека дури и неговите најсилни критичари ќе останат на Twitter „бидејќи тоа е она што значи слобода на говорот“. Сепак, некои веќе се заканија дека ќе си заминат, а некои веќе ги затворија налозите.

Британската актерка Џамила Џамил напиша дека очекува мрежата да стане „уште понелегална, полна со омраза, ксенофобична, закоравена и мизогинична“. „Ова ќе биде мојот последен твит“, ги информираше таа своите еден милион следачи.

Од друга страна, научничката од Универзитетот во Мериленд, Каролина Ор Буено, рече дека засега ќе остане на Twitter бидејќи има повеќе од 450.000 следбеници. Таа истакна дека никој не може да знае како ќе изгледа Twitter под Маск, но: „Она што сигурно го знаеме е дека ако си заминат сите пристојни луѓе, овде многу брзо ќе стане гадно“.

Џек Дорси, коосновач на Twitter и еден од членовите на одборот, рече дека е среќен „што платформата ќе продолжи да служи за јавни дебати, иако не верувам дека некој треба да го поседува или води Twitter“. Тој смета дека тоа треба да биде јавно добро, а не компанија.

Дорси, сепак, додаде дека верува дека Илон Маск ќе има позитивно влијание и ќе ја подигне свеста за тоа.

Членовите на одборот изјавија дека иднината на компанијата е неизвесна.

Реакција дојде и од повеќе политичари. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки вчера изјави дека американскиот претседател Џо Бајден „долго време е загрижен за моќта што ја имаат големите социјални мрежи“.

Демократската сенаторка Елизабет Ворен го нарече договорот опасен за демократијата, а републиканката Марша Блекбурн го поздрави договорот како охрабрувачки ден за слободата на говорот.

Европската комисија, од своја страна, одби да коментира, единствено пред купопродажбата потенцираше дека е важно да се следат правилата.

– Еврокомисијата никогаш не коментира бизнис одлуки, посебно кога се во тек. Она што е важно е правилата на уредбите на Актот за дигитални услуги и на дигиталниот пазар кои ги уредуваат и социјалните платформи, во заедничкиот пазар тие се истите правила за сите платформи, и не е важно кој колку поседува сѐ додека ги следат правилата, изјави Јоханес Барке, портпарол на Европската комисија.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Интернет

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more
 

Гик

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе