Захарова по повод санкциите од САД: Не си играјте со оган

Портпаролоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека САД направија непријателски, антируски чекор, откако веднаш одлучија да воведат нови санкции кон Русија, откако тоа го направи и Европската Унија.

„Апсурдот триумфира кога како повод за воведување санкции се прогласи намерно приредена провокација со наводно труење на Навални со некои воени хемикалии. Сето ова е само причина да продолжат со отворено мешање во нашите внатрешни работи. Ние немаме намера да се помириме со тоа“, посочи Захарова.

Таа изјави дека Москва ќе одговори на новите антируски санкции на Вашингтон врз основа на принципот на реципроцитет, но додаде дека тоа не се нужно симетрични мерки.

„Намерите да се наметне нешто на Русија преку санкции или друг притисок не успеаја во минатото, тие и сега пропаѓаат. Ако САД не се подготвени за рамноправен дијалог на разумна основа, тоа е нивни избор“, нагласи Захарова.

Таа повтори дека Русија, без оглед на американските, како што рече, „тенденции кон санкции“, ќе продолжи да ги брани доследно и одлучно националните интереси, нудејќи отпор на каква било агресија.

„Ги повикуваме нашите колеги да не си играат со оган“, предупреди Захарова.

Таа оцени дека Вашингтон, обидувајќи се да го сврти вниманието од внатрешните проблеми и воведувајќи нови санкции против Русија, ги донесе билатералните односи со Москва до точка на целосно замрзнување.

„Претпоставуваме дека американската администрација не разбира дека времињата се сменија многу одамна и дека обидите да се диктира во современата геополитичка реалност се контрапродуктивни за оние кои не можат да се откажат од нив“, рече Захарова во изјавата.

САД вчера воведоа санкции против руски официјални лица поради ситуацијата со Алексеј Навални. САД ги заострија ограничувањата за извоз во Русија и на црната листа внесоа 14 институции.

Како што беше најавено, Вашингтон ќе престане да дава каква било помош на Москва, освен итна хуманитарна помош. Вашингтон им забрани на финансиските институции на американската влада да даваат заеми на Русија, како и извоз на одбранбени технологии во таа земја.

Претходно, ЕУ воведе нови санкции за Русија поради Навални. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе