Заминува уште еден великан: Игуаин ќе ги закачи копачките

Му кажувам збогум на фудбалот, чувствувам болка во душата, соопшти ветеранот.

Аргенскиот голгетер Гонсало Игуаин соопшти дерка одлучил да стави крај на кариерата, која успешно ја исполни со многу голови, победи и пехари.

„Чувствувам болка во душата. Му кажувам збогум на фудбалот, професија која ме направи привилегиран“, почна Игуаин, кој сега е дел од Интер Мајами клуб кој се натпреварува во МЛС.

„Одлуката ја донесов пред 3-4 месеци. Ѝ се обратив на клупската управа и пронајдовме решение. Кога дојдов тука, тоа го направив со големо задоволство и уживав во фудбалот. Всушност, престанувам да играм во еден од најубавите моменти од мојата кариера. Сезонава доста се забавував. Отсекогаш замислував да ја завршам кариерата токму на овој начин. Во Мајами начекав сјајна екипа и сакам да им се заблагодарам на момците што ми ја вратија фудбалската страст. Не очекував дека сето ова ќе го пронајдам во МЛС. Ова е најтешката одлука за еден фудбалер, но радо ќе престанам во овој период од кариерата. Девет години во дресот на Аргентина, учеството на три Мундијали е нешто најубаво што ми се има случено. Можам дамо да бидам благодарен“, дополни.

Игуаин нема веднаш да се пензионира, туку тоа ќе го направи на крајот од тековнава сезона. Во САД фудбалската сезона не е како во Европа, таму трае преку цела година, што значи дека тековната сезона 2022 ќе заврши до крајот на годинава. Доколку неговиот тим не се пласира во разигрувањето за титулата, пензијата ќе му почне порано.

URL

На 10 декември Игуаин ќе наполни 35 години. Никој не очекувашпе дека толку рано ќе ги закачи копачките на ѕид со оглед на тоа што одамна фудбалската возразт за пензионирање е поместена накај 40-тите години од животниот век.

Игуаин во својата богата кариера настапуваше за Ривер Плејт, Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан и Челси пред во 2020 година да дојде во Интер Мајами. Роден е во Франција, во Брест, додека татко му настапувал за Стад Брестоа 29, но не живеел таму долго, само првите 10 месеци по неговото раѓање. Има француско државјанство, но не зборува француски. За Аргентина одигра 75 натпревари и постигна 31 гол.

Освои еден куп титули: 3 пати Ла Лига со Реал, 3 Скудета со Јуве, 1 Лига Европа со Челси, како и други помали купови и суперкупови.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе