Здрава храна што треба да ја одбегнувате ако имате покачен холестерол

Високиот холестерол нема никакви симптоми, па затоа се советува редовно да се проверува со правење крвна слика и барем еднаш на секои пет години.

Иако на нашето тело му треба холестерол за да функционира добро, постои и холестерол кој го оштетува црниот дроб. Тоа е LDL холестеролот или т.н. „лош холестерол“ кој се таложи на ѕидовите на артериите и може да ги затне, зголемувајќи го ризикот од мозочен или срцев удар.

Одвреме-навреме, сите можеме да си дозволиме да уживаме во некои не толку здрави намирници кои може да им наштетат на нашите артерии и на тој начин да придонесат за лошото здравје на нашето срце и циркулаторниот систем.

Сепак, постојат некои здрави намирници кои можат да му наштетат и на здравјето на нашето срце, предупредува кардиологот д-р Родни Фоле.

„Јадењето премногу храна која е богата со заситени масти, како што се преработеното месо и млечните производи, може да го зголеми количеството на LDL холестерол, исто така познат како лош холестерол, во крвта. Еден мрсен оброк нема веднаш да не стави на ризик од срцеви заболувања или да го промени нивото на холестерол или резултатите од тестовите. Но, со текот на времето, исхраната богата со заситени масти и јаглехидрати може значително да го зголеми ризикот“, објаснува тој.

Храна која навидум е здрава, но всушност придонесува за зголемување на холестеролот се грчкиот јогурт, јајцата, гранолата и енергетските барови.

Високиот холестерол нема никакви симптоми, па затоа се советува редовно да се проверува со правење крвна слика и секако еднаш на секои пет години. Високото ниво на холестерол исто така може да се наследи, па затоа е препорачливо да се провери нивото на холестерол кај децата на возраст од шест или седум години.

Ако имате висок холестерол, вашиот лекар ќе ве советува да ја промените исхраната и редовно да вежбате или да препишете лекови доколку вкупниот холестерол ви е повисок од 8 mmol/l. Вкупниот холестерол не треба да надминува 5 mmol/l, а LDL 3 mmol/l.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе