Животниот стил на Мејведер: Од луксузни автомобили до скапи часовници

Кога сте една од најбогатите светски спортски ѕвезди, тогаш трошењето пари на луксузни работи и не е баш некое големо изненадување. Но, Флојд Мејведер не се плаши тоа да го покаже на социјалните мрежи и да го сподели со обожавателите.

Неговиот животен стил е откриен преку снимки и фотографии што самиот ги објавува од неговите луксузни вили, покажувајќи ги скапите автомобили и накитот со која сака да се фали.

За овој луксузен животен стил 43-годишниот Мејведер се избори сам. Тој е еден од шесте спортисти во светот кој заработил повеќе од милијарда долари во кариерата, а медиумите пишуваат дека можеби станува збор и за заработка од 3 милијарди долари.

Мејведер сака скапи работи и играчки и еве како ги троши парите.

Има три луксузни куќи

Мејведер не штеди кога станува збор за недвижнини. Токму затоа има три неверојатни вили и тоа во Лос Анџелес, Лас Вегас и во Мајами. Најновата недвижност што ја купи е во Невада и чини 8,5 милиони евра.

Скапи автомобили

Не е тајна дека Мејведер сака автомобили, а често ги добива во две бои, бела и црна. Во секој случај, мора да има по два автомобили во Лос Анџелес и во Лас Вегас. Се смета дека неговата колекција чини околу 22 милиони евра.

Поседува серија Rolls-Royce вредна неверојатни 3,5 милиони евра, четири суперавтомобили Bugatti Veyron, како и Lamborghini Aventador и Ferrari 484. Неодамна си купи и Mercedes G63 AMG, а има и брендирано комби.

Се верува дека поседува три приватни авиони. На интернет често споделува фотографии како игра покер со високи облози додека е во авион со пријатели.

Не штеди на накит

Многу сака накит, вклучително и часовници и тоа најскапите. Се верува дека во неговата колекција има 41 часовник, но ниту еден не може да го надмине неговиот часовник од 239 дијаманти, вреден неверојатни 15 милиони евра.

Додека оди на НБА натпревари многу често може да биде виден како носи златен накит тежок до 11 килограми.

реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе