Зидан: Сакам да бидам тренер во Италија

За време на играњето во Јувентус толку ја засакал Италија што денес голема желба му е еден ден да се врати таму со својата нова работа - тренер.

Францускиот стратег моментално е без ангажман, а речиси секој ден го поврзуваат со некој од европските великани, па и со репрезентациите, но сѐ уште нема прифатено ниту една понуда иако веќе две и пол години е без работа.

„Моментално сум без работа, а би било убаво да работам во Италија. Тоа би било сјајно, бидејќи ми се допаѓа начинот на кој во оваа земја се сака фудбалот“, рече Зидан говорејќи за DAZN.

Освојувачот на Златната топка за најдобар играч во светот за време на својата кариера соработуваше со двајца врвни италијански тренери, Марчело Липи и Карло Анчелоти, а како што вели, од двајцата многу научил.

„Липи беше првиот тренер што веруваше во мене и поради тоа сум му благодарен. Сѐ што направив во кариерата го направив благодарение на него, а подоцна имав прилика да работам и со Карло Анчелоти. Двајцата се врвни експерти од кои многу научив и се трудам сето тоа да го применам во мојата самостојна работа“, раскажа Зизу.

URL

Зидан како тренер има работено само во Шпанија, каде седеше на клупата на Реал Мадрид со кој освои две шампионски титули, трипати во низа беше шампион на Европа, двапати го освојуваше клупскиот Мундијал и исто толкку пати Суперкупот на УЕФА. Без ангажман е од 2021 година.

Последен клуб за кој шпекулациите го поврзуваат е Баерн, чија клупа од јуни ќе биде слободна бидејќи Томас Тухел спогодбено ќе напушти.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе