Славниот фудбалер Лео Меси ужива на годишен одмор во друштво на сопругата Антонела во луксузна вила која ја изнајми за таа прилика. Покана за друштво доби само еден пар, станува збор за Сеск Фабрегас и неговата сопруга.
Веселото друштво ужива во шпанска вила чие изнајмување чини 300.000 евра неделно. Луксузната вила за одмор има целосен сервис, а за Меси и гостите се грижат 22 вработени.
Вилата има 6 спални соби, теретана и олимписки базен. Ја нарекуваат најубавата вила во Шпанија.
На располагање има и јахта, но е вклучена во цената. Секој ден мора да доплаќаат уште 10.000 евра.
Терасата на покривот има спектакуларен поглед на море, два шанка, бина за приватни концерти, соба за јога, теретана и слично.