Зошто никогаш не треба да ги триете очите?

Ако се чувствувате уморни, веројатно една од првите работи што ќе ја направите е да посегнете со рацете да ги триете очите. Но, ако се суди според снимка од магнетна резонанца при таа процедура и препораките на офталмолозите, воопшто не треба да го правите ова.

Американскиот доктор Брајан Боксер Вахлер на социјалната мрежа TikTok прикажа снимка со магнетна резонанца на која се гледа што се случува кога некој си ги трие очите.

Може да се видат очните јаболка како се извртуваат и туркаат понатаму во дупката. Кога човек ги турка очите за да ги трие, очните јаболка изгледаат како да се згмечени.

„Ве молам, не ги тријте очите, особено ако имате кератоконус што може да се влоши“, рече д-р Боксер Вахлер, кој работи во Институтот Boxer Wachler Vision во Беверли Хилс, САД.

Кератоконусот е невоспалителна состојба на окото во која нормално кружниот прозорец на окото во облик на купола, наречен рожница, се разредува и предизвикува формирање на испакнатост. Ова ја нарушува способноста на окото да се фокусира правилно и може да предизвика слаб вид.

@brianboxerwachlermd one reason to not rub your eyes #keratoconus ♬ original sound - Dr. Brian Boxer Wachler, MD

Во зависност од етничката припадност, тоа влијае на еден од 450 луѓе.

„Изгребаната или тенка мембрана го прави окото посклоно на инфекции, вклучително и габична инфекција. Додека окото има неверојатна низа на заштитни мерки - веѓи, долни и горни трепки и влажен систем за испирање што се активира секогаш кога ќе трепнете - не е имуно на инфекции“, се вели во упатствата на Атлантскиот очен институт.

„Доколку очите ви се воспалени и изгребани или ако 'погрешна' бактерија се префрли од вашите раце на очите, постои поголем ризик од инфекција на окото“, продолжува, нагласувајќи ја препораката на д-р Вахлер.

Тагови
реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Болка во ребрата: Причини, симптоми и кога мора да побарате лекарска помош

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе