12 патници со коронавирус во авион од Доха за Атина, во карантин 91 лице

Во авион со 91 патник на Qatar Airways што синоќа слетал од Доха во Атина, позитивни на COVID-19 се 12 патници, по што Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар, јави дописничката на МИА од Атина.

Од заразените, девет се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од Австралија, а еден е Јапонец, член на грчко-јапонско семејство.

Според протоколот што се применува во Грција, сите патници кои слетуваат на атинскиот аеродром, што воедно е единствениот отворен за меѓународни летови, се тестираат за COVID-19, а додека да пристигнат резултатите, сместени се во хотели карантин. Оние кои што се позитивни, остануваат 14 дена, додека пак за оние кои што се негативни, но се сметаат за контакти од висок или низок ризик, остануваат една седмица во карантин, по што се повторува тестот.

Оваа e пракса во Грција  во изминатиот период, со оглед на тоа дека не постои забрана за летови за сите земји.

Од 15 јуни, кога и официјално ќе започне туристичката сезона во Грција, тестирања ќе се прават само по случен избор.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе